[Npss] Забелешки од првата работна средба за националната политка за слободен софтвер
Novica Nakov
novica at slobodensoftver.org.mk
Mon Jun 7 21:14:58 CEST 2010
Здраво на сите (ова е и првото човечко здраво на листава :)),
Деновиве го пополнивме блогот што треба да ја следи нашата работа:
http://npss.slobodensoftver.org.mk/
Меѓу другото, објавени се забелешките од работната средба, онака како
што јас ги запишав со некои дополнувања од Филип Стојановски.
Погледајте ги и ако имате дополнувања и поправки известете ме. Ниедна
грешка не е намерна.
Тука би можеле веднаш да ја рефокусираме дискусијата и ги прибереме
податоците во однос на првите четири точки околу кои скоро и да не
разговаравме минатата недела:
1. Осврт на слободниот и неслободниот софтвер, главни карактеристики,
предности на слободниот софтвер.
2. Осврт на препораки и регулатива од Европската унија што се однесува
на слободен софтвер.
3. Осврт на домашна регулатива: политики и стратегии (на пр.
Националната политика и стратегија за информатичко општество), закони
(на пр. Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер),
други документи.
4. Осврт на софтвер и сервиси кои моментално ги нудат државните институции.
А доколку и другите пратат свои коментари и забелешки јас ќе можам во
следните денови да искомпајлирам еден заеднички текст околу петата
точка околу која и воглавно дискутиравме.
--
Новица Наков
Слободен софтвер Македонија
http://slobodensoftver.org.mk
More information about the Npss
mailing list