[Npss] циклус јавни настани
Миша Поповиќ
misa at slobodensoftver.org.mk
Thu Mar 10 09:32:31 CET 2011
Почитувани,
Започнува втората фаза од имплементацијата на проектот за донесување
на национална политика за слободен софтвер. Овој проект е дел од
нашите активности а е поддржан од фондацијата Метаморфозис и
Министерството за информатичко општество.
Повеќе за проектот на:
http://npss.slobodensoftver.org.mk
Оваа фаза значи јавна расправа по текст подготвен од работната група
составена од различни интересни групи. На овие настани, претставници
од „Слободен софтвер Македонија“, фондација „Метаморфозис“ и
Министерството за информатичко општество ќе ја презентираат нацрт
политиката а ќе дискутираат по сугестиите кои ќе дојдат од
заинтересираната јавност. Настаните ќе траат околу 2 часа.
Целните групи за кои се наменети овие настани се:
а. Академската заедница
б. Бизнис заедницата
в. Граѓанските организации
г. Локалната власт
Предвидени се 4 јавни настани кои се случат во:
1. Тетово. 14.март во 13ч локација: центар за балканска соработка Љоја
2. Штип. 17.март во 13ч локација: општинска сала
3. Скопје. 21.март 13ч локација: ПМФ
4. Битола. 22.март 11ч локација: Технички факултет
Доколку некој од работната група изрази желба да учествува во
презентацијата, ве молам пишете ми на имејл.
Воедно, доколку можете, препратете ја информацијата до релевнатни
организации и индивидуи од овие области.
Со почит
--
Миша Поповиќ / Misha Popovikj
http://slobodensoftver.org.mk
More information about the Npss
mailing list