[LUG] ЗА Преведувачки Маратон

Novica Nakov novica at bagra.net.mk
Sun Nov 17 11:55:01 UTC 2002


Во својата последна порака, Ангов Арангел напиша:

| Вака сега, најдобро како што рече и Златко е да 
| ја направиме таа работа пред нова година значи пред да излезе новата 
| верзија на Gnome. Досега имаме обезбедено простор со 3 или 4 компјутери 
| и останува да најдеме уште некој компјутер или фирма, инститиуција што 
| би донирала некој компјутер или некој денар за храна и превоз на луѓето 
| што би дошле од другите градови во земјава.

На предлог: Едно писмо до александрија или семос. Таман они имаат
компјутери умрежени сигурно. Да дадат 1-2 училници (по колку ли машини
има во 1 училница?) за еден викенд сигурно не би претставувало некој
огромен проблем. Уствари не писмо него директно таму да се иде.

Вториот чекор е да се најдат пари за јадење, превоз....  Ова да се побара
од други комп. фирми - да донираат на ОССМ по 100-200 евра. Од памет ако
лупнам цифра, мислам дека 1000 евра се доволно за сите тие ствари ако не
и премногу. (Васко рече дека неговата фирма би дала 500-600 Е за некој
корисен потфат. Уште една ваква и буџетот е полн.) Ако стварно доаѓаат
луѓе надвор од Скопје, превозот не би бил толку голем проблем. Поголем е
сместувањето доколку немаат роднини тука. Е сега све зависи колку би биле 
они на број. Ако се 2-3, тогаш може да одат кај некој од нас на спиење.
Ако се повеќе...?

Значи ако стварно се фурате на маратонов (јас сеуште мислам дека
работата не е доволно зрела за таков потфат), треба еден текст да се
напише за тоа што ќе се прави. Убаво тоа да биде срочено. Да се каже
таму и дека се бараат спонзори. Понеделнички да се фати патот до
александрија и сличните фирми. Да се договараат работи, и штом некои
прелиминарни договори ќе настанат, текстот треба да иде по сите
релеванти веб страни во македонија и во дневниот печат (телевизија?)
за да можат да го видат што е можно повеќе луѓе. Сето ова треба да е 
готово до петок за да може целата операција да се изведе пред нова година. 

Пријавањето на луѓе да трае до 1 декември. Дупката до 6 (петок) да се
пополни со средби со луѓето. Да им се каже со што ќе се преведува, да не
испадне дека се пријавиле за храната и немаат видено кбабел никад у
живот. Исто во таа дупка да се средат компјутерите (knopix е права ствар
за тоа). Превдувањето да трае од 6 попладне до 8 доцна навечер. Е сега
ги предлагам овие рани дати од причина што ако маратонот не испадне
толку успешен, да има простор до новата година да се допреведат работите
(евентуален додатен договор однапред со фирмата со компјутерите?) - што
ќе рече дупли маратон ако за тоа има потреба.

Компјутерите ќе треба да се поделат, што на кој ќе се преведува (ако се
20 тогаш да речеме 7 кде 7 гноме 2 мозила 4 офис). Да се одреди главен
на секоја од групите, или 4 главни - по смена значи.

За крај, не ни помислувајте да ми одговорите дека може и покасно во
декември да се прави нештово... Има тогаш сесии, полугодија. Луѓето се
опуштаат предпразнично, се оди на скијање на викенд. Толку.

А, сега ми текна. Уште немаме ж-сметка. Пошто претпоставувам дека нема
да ја имаме од другата недела, а ако има спонзори тие таму би требало да
плаќаат, треба да користиме туѓа сметка (пцинфо?). И треба да се смисли
начин сите преведени зборови да се ставаат во некаков речник или нешто
така за да можат да се користат во иднина.

-- 
Новица

Who so would be a man must be a nonconformist.
_______________________________________________
LUG mailing list
LUG at lists.linux.net.mk
http://lists.linux.net.mk/mailman/listinfo/lug



More information about the Ossm-members mailing list