[Ossm-members] Re: Стратегија за информатичко општество, пак...

Ivan Dimitrov ivandimitrov at on.net.mk
Fri May 27 18:56:10 UTC 2005


Arangel Angov wrote:

> Па се случувало на неколку наврати, не баш со 3 и пол милиони CD-иња 
> ама имало и кај нас. :)
> Кај нас проблемот е друг. Зашто да користи некој слободен софтвер кога 
> има и пиратски софтер на кој што се му работи (така размислуваат 
> луѓето, ги заболе за филозофија на слободен софтвер). Башка на нас се 
> гледа како на јеховини сведоци, секта некоја што на крај уствари пак 
> сака да ти продаде нешто, муабетот ми е, се десило и луѓе да нејќат да 
> земат CD со слободен софтвер. Иди ти па убеди го проечниот македонец 
> дека некој нешто му дава без пари и дека тоа нешто вреди колку и тоа 
> што вреди 200 долари. Жалосно ама вистинито.


Се согласувам. Проблемот е во тоа што самата држава нема општа 
стратегија за насочување кон слободен софтвер кој, со оглед на целата 
(бедна) економска состојба на нашата земја, е најдобро решение. За таква 
слична идеја да се реализира треба многу кеш, голема медиумска 
промотивна кампања и.т.н. за општо јавноста да се запознае со слободниот 
софтвер. Плус да се знае дека според нашите закони оние кои користат 
пиратски софтвер извршуваат криминално дело = се криминалци! Според 
мене, уште многу време треба да пројде за да се освести македонецот.

Ико




More information about the Ossm-members mailing list