[Ossm-members] ВАЖНО: Оглас за подготовка на понуда за тренинг на тренери

Igor Stamatovski igor.stamatovski at gmail.com
Sat Oct 14 17:32:59 UTC 2006


On 10/13/06, Новица Наков <novica at bagra.org> wrote:
>
> Неоком го добил тендерот. Тој ќе ги организира предавањата. Главен ќе бил
> некој сис. администратор кој во своето CV имал наведено учество во активности
> на Слободен софтвер Македонија.
>
> Знае некој кој е тој човек?

Неоком имаат солидни простории и опрема за извршување на обуката,
меѓутоа тоа е само логистичкиот дел, многу поважен е оној кој ги држи
предавањата. Ако се пријавил дека имал активности во и со Слободен
софтвер Македонија, тогаш би требало да ја чита листава, и се надевам
дек ќе биде доволно културен да се претстави кој е и што е, токму
овде.

> Во понеделник во 13 јас само на кратко ќе им презентирам на општинарите што
> значи тоа „заедница" во светот на слободниот софтвер.

Во понделник и онака ќе дознаеме кој е :), меѓу другото му посакувам
успешен тренинг на луѓето од ИЦТ центрите на УНДП, од него горе долу
ќе зависи како ќе се пренесе целото знаење на оние, кои потоа треба да
го пренесат на корисниците во општинската администрација во Прилеп,
Струга и Карпош.

Инаку тренинзите се отворени и за било кој од оваа листа што би
изразил желба да присувствува таму, ова беше отворена покана од УНДП
до членовите на ossm-members одн. придружните членови на Слободен
софтвер Македонија, и еве ја пренесувам овде.

Ако стигне некој да оди таму, нека каже како поминал после. Само
мислам деке ќе треба да каже на листава за да може да им се каже на
УНДП.

-- 
Игор


More information about the Ossm-members mailing list