[Ossm-members] Ај некој Скопски клуб за Линукс да направиме...

Дамјан penguinista at mail.net.mk
Mon Sep 4 13:55:54 UTC 2006


>> Леле. Само ли Битола ли да има клуб за Линукс. Ај и ние во Скопје да
>> направиме. На Скопје му треба нешто вакво. На пример да направиме некој
>> Install-fest или слично.

Таа идеја стои од порано, да се направи GNU клуб или слично каде што ќе има 
редовни средби, инсталирања, евентуално workshop-и, предавања и сл..

Единствен проблем е што немаме просторија, каде би се правело ова. Идеи?

> Супер што имаш идеи. Креативноста е добра одлика за понатамошно делување во
> оваа сфера. Но..
>
> Лугола е LUG - во Скопје има НВО (Не-владина организација) која се бави со
> иста дејност како и Лугола - ширење и пропагирање на слободен софтвер или
> помалку строго појаснато - појаснување на идеите и принципите кои стојат
> зад движењето за слободен софтвер за корисниците на сметачи во нашата
> земја.

Всушност „Слободен Софтвер Македонија“ и LUG би требало да имаат различни 
цели... LUG би требало да се бави со теренска работа, install-fest-ови, 
дистрибуирање на софтвер, предавања и сл.
Организацијата со „политичка“ работа, лобирање и што ти ја знам претежно 
досадни работи и да помогне со печат за таму кај што треба.

Меѓутоа пошто нема доволно луѓе ни ресурси, тие сме луѓето и се занимаваме со 
сѐ што треба.

> МТ-нет не инсталира Убунту во школите, не знам од каде таа информација :)
> Веројатно мислиш на Кинеските донации на кој имаше Убунту, хрм?

Ubuntu беше инсталирано по барање на министерството за образование, а инаку во 
склоп на проектот е-schools (или така нешто). Самата инсталација ја правеа 
InetX (mkInter), а сето тоа беше платено од USAID.

> А во НВО како се зачленува, и кои се параметрите ?

НВО-то нема членови (освен неколку кои мора да ги има според статутот (кој е 
заверен во суд))... 

Ама ако си активен во заедницата, паа ... активен си :)
тоа е добро за сите па и за тебе.

Во НВО-ото како такво не се случува нешто посебно интересно, а тоа што се 
случува се кажува и тука и е подложно на јавна дискусија.


-- 
дамјан ( http://softver.org.mk/damjan/ )

                           Reboot America.



More information about the Ossm-members mailing list