[Ossm-members] текст за медиуми

Ilija Kocho ilijak at siva.com.mk
Fri Oct 3 10:06:37 UTC 2008


Има уште едно „стварање“ во точка 1.

Misa Popovic wrote:
> Еве ја верзијата која што треба да се прати до новинарите. Атачирајте го фајлот:
>
> http://kiberkotle.net/uploads/sfd-izvestuvanje-do-mediumi.pdf
>
> <содржина>
>
> Известување до медиумите
>
> Ден на слободен софтвер 2008 Македонија - Споделување и дружење
> Ве известуваме дека оваа година заедницата на слободен софтвер во
> Македонија го прославува денот на софтверската слобода на 4-ти
> октомври 2008 - сабота, на плоштадот Македонија и во културниот центар
> Точка. Овој пат, за да им ја приближиме на луѓето идејата за слободата
> во значењето на слободниот софтвер, решивме да невлеземе и во
> пределите на развивањето на слобоната култура и општество.
>
> За таа цел во нашата прослава внесовме три аспекти:
> 1.Споделување на знаење поврзано со слободното стварање на добра, како
> што е слободниот софтвер - од 12 часот во Културниот центар Точка
> луѓето од заедницата слободно ќе разменуваат знаења со сите
> заинтересирани посетители.
> 2.Творење на заедничко уметничко дело - од 14 часот неколку урбани
> уметници ќе сликаат графити на 10 метарско платно на плоштадот
> Македонија. Здруженото креирање на уметничко дело е само еден аспект
> од прикажување на суштината на слободната култура.
> 3.Споделување слободен софтвер - од 12 во Точка, а од 14 и на плоштад,
> на заинтересираните минувачи ќе им подарување оперативен систем Ubuntu
> SFD08 на македонски, подготвен колаборативно и специјално за денот на
> слободен софтвер. Тој ги вклучува сите дополнителни алатки за нормално
> функционирање на еден домашен компјутер, слободни програми кои можат
> да се користат и на други оперативни системи, галерии од уметниците
> кои ќе сликаат графити и бонус два дела од филмот „Укради го овој
> филм".
>
> Ве покануваме да дојдете и да се придружите на нашата прослава на
> софтверската слобода, залагајќи се за слобода, соработка, еднаквост и
> заеднички развој.
>
>
> </содржина>
>
>   



More information about the Ossm-members mailing list