[Ossm-members] sfd2008

Biljana Kochoska biljana.kochoska at gmail.com
Sun Sep 7 14:47:55 UTC 2008


2008/9/3 Jovan Kostovski <chombium at gmail.com>

>
> Предлозите на wiki-то беа: да се делат цд-а, инстал фест, флаери,
> постери, презентации,
> маички, една или повеќе локации....


Еве јас имам еден предлог:

Да се искористи почетоков на учебната година и да се организираат
презентации идејата и значењето на слободниот неколку појаки гимназии во
Скопје и доколку може и низ републикава. На младите да им се приближи
вистинското значење на слободниот софтвер и употребливоста на новите
оперативни системи кои ќе ги имаат во училиштата.

Потоа за добар ПР да се организира некоја дешавка на плоштадот, со дозвола
на градот се разбира. Мене ми доаѓа идеја на едно големо платно од крај до
крај на стоковната, поставено на земја, млади луѓе да цртаат една огромна
парола слободен софтвер внесувајќи во неа шареноликост креативност и
сопствен удел. Тоа би го прикажало симболично заедничкото работење во
креирањето на слободниот софтвер, како нешто убаво добро и од сите за сите.
Откако ќе биде завршено платното да се истакне на плоштад, доволно е и еден
ден. Се разбира за тоа ќе бидат викнати и новинари кои ќе го покријат
настанот.

За време на сликањето, може да се постават тука и пунктови за делење цедиња
и маици, доколку сметате дека тоа е најважно.

Всушност најважното и најтешкото е да се најдат спонзори за овој краток
период. Но доколку некој има предлог нека пише, па да почне да се трча.

- за инстал фест треба компутери и дистрибуции (мислам дека ова ни е
> најлеснатаи најефтината варијанта)


Јас мислам дека инстал фест е промашена работа заради тоа што поголемата
публика сеуште не знае што значи слободниот софтвер, и на таков настан пак
би се собрале истите луѓе кои знаат што е тоа и веќе активно го користАТ.


>
>  - презентации (ако има) пишете што мислите дека треба да има и кој ќе
> презентира


Презентација по школите.

- флаери и постери - дизајн и пари за печатење
>  - маички - дизајн (пари ќе си собереме самите, секој би си ја платил
> својата)


Доколку најдам време може да помогнам околу ова, но мора да знаете, за што и
да се прави, највжен е концептот за добро да се испрати пораката. Инаку се
ќе биде само фрлено по вода. Џабе труд. И на крај, што и да се прави, треба
да се направи еден состанок на кој што ќе се донесат одлуките, вака само ќе
остане на муабет и печатење цедиња кои ќе се делат цела година и нема да
имаат ефект.

Поздрав




-- 
Bi
-------------- next part --------------
An HTML attachment was scrubbed...
URL: <http://lists.softver.org.mk/pipermail/ossm-members/attachments/20080907/74160900/attachment.html>


More information about the Ossm-members mailing list