[2s.mk-friends] Поимник

Новица Наков novica at bagra.org
Fri Nov 13 15:00:32 UTC 2009


> Фонтовите се супер, се нови оригинални оупен тајп фонтови со
> македонска кодна поддршка и се први македонски фонтови направени од
> македонци на професионално ниво.

Искрено, не ја следам дебатата за новите фонтови нешто посебно, ама некаде 
прочитав дека фонтовите уствари се базирани на некој постоечки фонт и 
копирајтот на ласко е така шлапнат безврска врз овие фонтови.

(Тука може и да дебатираме зошто има таков копирајт кога државата дала пари, 
ама нејсе, да се задржиме на фонтовите). 

Колку што разбрав понатаму, фонтовите не го решаваат проблемот на системско 
ниво. Да може да менуваш алт+шифт во виндос за кирилица, но што ако сакам 
некои други букви или знаци? Нели токму тоа е општиот проблем со фонтовските 
решенија.

И трето, не ме нешто претерано горд муабетот за македонски фонт од македонци, 
и особено не професионално, меѓу друго бидејќи бев на тие трибините за 
кирилицата што ги организираа ласко и компанија, каде се изнесуваа муабети 
дека места/позиции во уникод треба да се купуваат за илјадници евра за да се 
направи македонската кирилица да работи на компјутер, каде организаторите се 
закануваа дека ние (неколку од слободен софтвер заедницата што беа таму) не 
смееме да збориме, и каде на паузите илијанчо од мајкрософт тапшаше луѓе по 
рамо со муабетот ајде што се 10 000 илјади евра за владата да ги даде да 
направиме 2-3 фонта.







-- 
Новица

http://wiki.lugola.net/Вечна_TO-DO_листа
http://wiki.lugola.net/Бонтон_за_ossm-members
http://wiki.lugola.net/Важни_настани_за_слободниот_софтвер_во_Република_Македонија
Важно: http://bugs.softver.org.mk/index.php?tasks=all&project=7 !


More information about the Ossm-members mailing list