[2s.mk-friends] 2с.мк состаноци/членство

Arangel Angov ufo at linux.net.mk
Sat Oct 20 17:12:06 UTC 2012


Редовните состаноци на 2с.мк се случуваат секоја прва недела од
месецот во хаклабот КИКА во 18ч.

Состаноците се отворени за сите заинтересирни, обично се дискутираат
тековните активности, гледаме што имаме да исполниме од програмата за
тековната година и сл.

Годишното собрание ќе се случи некаде во јануари 2013та, ќе има
дополнителна порака за тоа. Доколку има луѓе заинтересирани да се
вклучат во работата на организацијата можат да дојдат на некој
состаноците и да се запознаат со работата на организацијата. На
годишно собрание обично се избираат нови членови, некои стари некогаш
се пензионираат (односно влегуваат во почесни членови) и се избира нов
извршен орган на организацијата (претседател, потпретседател и
секретар).

Ако има заинтересирани, можат да дојдат на наредниот состанок.
-- 
Арангел
xmpp/mail
ufo \o/ linux.net.mk
http://blog.spodeli.org


More information about the Ossm-members mailing list