[2s.mk-friends] Fwd: Web Open Source обука + Понуда за соработка

Damjan Georgievski penguinista at mail.net.mk
Thu Aug 22 20:56:02 UTC 2013


го препраќам ова пошто се обраќа до „Хаклаб Кика“


-------- Original Message --------
Subject: 	Fw: Web Open Source обука + Понуда за соработка
Date: 	Thu, 22 Aug 2013 09:11:54 -0700 (PDT)
From: 	NIKOLCO GOSEV <gosev_nikolco at yahoo.com>



Почитувани Хаклаб Кика,
Би сакале да Ве известиме дека во тек е пријавувањето за Web Open Source
<http://pretpriemac.mk/index.php/2009-08-07-12-17-26/1689-vorteks-ed.html> 
обука
во организација на* Vorteks ED** и** YES **бизнис инкубаторот*, при што
најдобрите неколку учесници ќе имаат можност *да станат дел од тим**от
на **Voeteks ED**.*
Со оглед на тоа што Вие сте организација која се занимава со *слободен
софтвер*, а обуката е од областа на слободен софтвер, би ни
претставувало големо задоволство доколку ја *споделите обукава* со
вашите членови и фанови.
*За кого е наменета обуката :*
Обуката е наменета за сите оние  кои што имаат основно познавање од
програмирање и притоа имаат желба да го прошират своето знаење со
најновите web технологии од областа на слободниот софтвер. Во cветот се
повеќе компании користат слободен софтвер за развивање на нивните
продукти, додека во Р.Македонија бројот на такви компании е многу мал.
Компанијата Вортекс ЕД е една од ретките во нашата држава која што за
своите продукти користи слободен софтвер. Долгогодишното искуството што
оваа компанија го има стекнато со овие технологии ќе биде пренесено на
учесниците на обуката при што најдобрите учесници ќе имаат можност и
самите да станат дел од нејзиниот тим.
Повеќе: Агенда и опис на обуката
<http://pretpriemac.mk/index.php/2009-08-07-12-17-26/1689-vorteks-ed.html>
За почеток и како знак за соработка доколку сакате  можеме да започнеме
со размена на банери и меѓусебна промоција на нашите веб-страници и
проекти. Воедно, би сакале да Ве поканиме на состанок со цел да
разгледаме заедничка соработка за вакви и слични иницијативи.
Со огледа на тоа дека имаме уште мал период за пријавување за
обуката (09.09.2013), Ве молам за одговор што поскоро.
Ви благодариме однапред,
Николчо Гошев - Практикант во YES Инкубатор





-- 
дамјан


More information about the Ossm-members mailing list