<html>
<head>
<title>Статут на Слободен Софтвер Македонија</title>
<meta http-equiv="Content-Type" content="text/html; charset=iso-8859-5">
</head>

<body bgcolor="#FFFFFF" text="#000000">
<div align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif"> Врз основа на член 
  8 став 1 точка 1, член 20, 21 и 22 од Уставот на Република Македонија ("Службен 
  весник на РМ" бр. 52/91), член 2 и 14 од Законот за здруженија на граѓани 
  и фондации ("Службен весник на РМ" бр. 31/98 од 2 јули 1998), Основачкото 
  собрание на својата седница одржана на ден 04.12.1999 година, донесе -------------- 
  (Да се смени) ------------ </font> </div>
<p align="left"></p>
<h1 align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif">Статут на Слободен 
  Софтвер Македонија</font></h1>
<p align="left"></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif">I. ОПШТИ ОДРЕДБИ</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif">Член 1.<br>
  Името на организацијата е: Слободен Софтвер Македонија.</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif">Член 2.<br>
  Слободен Софтвер Македонија е организација на граѓани кои користат и промовираат 
  Слободен Софтвер во Република Македонија.<br>
  Слободен Софтвер Македонија е невладина, непрофитна, доброволна, независна и 
  непартиска асоцијација на граѓани кои користат и промовираат Слободен Софтвер, 
  без разлика на нивната религија, пол, националност, возраст и социјална положба.</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif">Член 3.<br>
  Слободен Софтвер Македонија ќе се залага за користење, развивање, И промовриање 
  на Слободниот Софтвер на територијата на Репубилка Македонија.</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif">Член 4.<br>
  Својата програмска определба, Слободен Софтвер Македонија ја реализира во согласност 
  со Уставот на Република Македонија.<br>
  Член 5.<br>
  Слободен Софтвер Македонија остварува соработка и одржува врски со што е можно 
  поголем број слични организации на Балканот, Европа и светот, користејќи ги 
  нивните позитивни искуства.<br>
  Притоа се раководи од општочовечките идеали за хуманост, рамноправност, правда, 
  мир и соработка меѓу поединците и колективите.</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif"><br>
  II. ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА СЛОБОДЕН СОФТВЕР МАКЕДОНИЈА</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif">Член 6.<br>
  Слободен Софтвер Македонија ги поттикнува, координира и ги насочува активностите 
  на своите членови на остварување на заедничките цели и задачи, во склад со Уставот, 
  Законот за здруженија на граѓани и фондации и други законски прописи.<br>
  Во остварување на целите и задачите од ставот 1 на овој член, Слободен Софтвер 
  Македонија особено ќе работи на:</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif">- распространување 
  на слободниот софтвер и третирање на развивањето на софтвер како научно истражување, 
  бесплатено и јавно достапно во својот изворен облик. Со тоа во огромна мера 
  би се допринело за подигнувње на информатичката свест во Република Македонија.</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif">- Слободен Софтвер 
  Македонија ќе се стреми сиот софтвер кој ќе произлезе од нејзината работа (било 
  по пат на директно развивање или пак веќе готов, исто така слободен софтвер), 
  да биде целосно локализиран на македонски јазик.</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif">- преку остварување 
  на горенаведените цели директно да се придонесе за намалување на нелегалната 
  употреба на комерцијалниот софтвер. <br>
  <br>
  Член 7.<br>
  Во Слободен Софтвер Македонија членуваат членови со различно културно-цивилизациско 
  наследство и со различни ставови.<br>
  Во склад со тоа, Слободен Софтвер Македонија не застапува ниту еден од тие ставови 
  како став на Слободен Софтвер Македонија, не смее да делува политички, ниту 
  пак да остварува соработка со други здруженија или организации на религиозна, 
  политичка, идеолошка или етничка основа.<br>
  Слободен Софтвер Македонија не ги ограничува своите членови како поединци, во 
  изразувањето на личните ставови. При тоа тие можат да наведуваат дека се членови 
  на Слободен Софтвер Македонија, меѓутоа не смеат своите мислења и ставови да 
  ги декларираат како ставови на Слободен Софтвер Македонија.<br>
  <br>
  Член 8.<br>
  Слободен Софтвер Македонија го застапува ставот дека софтверот треба да е слободно 
  достапен за сите.<br>
  <br>
  <br>
  III. ОРГАНИЗАЦИЈА НА СЛБОДЕН СОФТВЕР МАКЕДОНИЈА<br>
  <br>
  Член 9.<br>
  Слободен Софтвер Македонија има статус на правно лице.<br>
  <br>
  Член 10.<br>
  Седиштето на Слободен Софтвер Македонија е во Скопје.<br>
  <br>
  Член 11.<br>
  Слободен Софтвер Македонија според сопствените потреби, надвор од седиштето 
  по потреба организира подрачни единици (активи, клубови, секции, групи и др.) 
  на Слободен Софтвер Македонија, со кои раководи координатор.<br>
  <br>
  Член 12.<br>
  Знак, лого, опис…<br>
  <br>
  Член 13.<br>
  Слободен Софтвер Македонија ја претставува и застапува Претседател, а во случај 
  на негова спреченост, Потпретседател, член на Управниот одбор или друг член 
  што ќе биде ополномоштен од страна на Управниот одбор.<br>
  <br>
  Член 14.<br>
  Работата на Слободен Софтвер Македонија е јавна.<br>
  Јавноста на работата се остварува преку издавање на разни периодични публикации 
  и други облици на редовно и навремено информирање на јавноста.<br>
  <br>
  <br>
  IV. ЧЛЕНУВАЊЕ ВО СЛОБОДЕН СОФТВЕР МАКЕДОНИЈА<br>
  <br>
  Член 15.<br>
  Член на Слободен Софтвер Македонија може да биде секој граѓанин државјанин на 
  Република Македонија, кој што ќе биде поканет да се приклучи на Слободен Софтвер 
  Македонија.<br>
  Странски државјани можат исто така да се зачленуваат во Слободен Софтвер Македонија 
  под истите услови кои важат и за граѓаните на Република Македонија.<br>
  <br>
  Член 16.<br>
  Секој граѓанин на Република Македонија или странски државјанин кој ќе биде поканет 
  да се прикличИ на Слободен Софтвер Македонија, може да стане член на Слободен 
  Софтвер Македонија со потпишување и поднесување на пристапница, која при исклучување 
  или престанок на членување во Слободен Софтвер Македонија, задолжително му се 
  враќа.<br>
  <br>
  Член 17.<br>
  Секој член на Слободен Софтвер Македонија има права и должности :<br>
  " да избира и да биде избиран во органите на Слободен Софтвер Македонија;<br>
  " да биде информиран за работата на Слободен Софтвер Македонија;<br>
  " да биде информиран за материјално-финансиското работење на Слободен Софтвер 
  Македонија;<br>
  " да дава предлози, мислења и забелешки за работата на Слободен Софтвер 
  Македонија;<br>
  " да учествува во извршувањето на задачите и програмските активности на 
  Слободен Софтвер Македонија;<br>
  " да се придржува кон овој Статут;<br>
  " да плаќа годишна членарина;<br>
  " да се согласи неговото име и адреса да бидат објавени во прописно утврдени 
  списоци и други интерни публикации на Слободен Софтвер Македонија, а кои не 
  можат да се објават вон Слободен Софтвер Македонија.<br>
  Сите членови на Слободен Софтвер Македонија имаат еднакви права и привилегии. 
  <br>
  <br>
  Член 18.<br>
  Членството во Слободен Софтвер Македонија престанува со истапување од членство, 
  со бришење од членство или со исклучување.<br>
  Истапувањето од членство е доброволно, а одлуката за истапување се поднесува 
  до Управниот одбор, кој што ја потврдува.<br>
  Бришењето од членство се врши поради неплаќање на членарина, а одлуката за бришење 
  ја донесува Управниот одбор.<br>
  Одлуката за исклучување ја донесува Управниот одбор, а се применува за член 
  кој што направил груба повреда на Статутот на Слободен Софтвер Македонија или 
  направил дело кое што штети на угледот на Слободен Софтвер Македонија.<br>
  <br>
  Член 19.<br>
  Ако Управниот одбор на Слободен Софтвер Македонија утврди дека некој негов член 
  прекршил некои одредби од Статутот или направил дело кое што штети на угледот 
  на Слободен Софтвер Македонија, против него може да покрене дисциплинска постапка.<br>
  Кога е покрената дисциплинска постапка против член на Слободен Софтвер Македонија, 
  Управниот одбор го повикува тој член да даде изјава во врска со настанатиот 
  спор. После тоа Управниот одбор одлучува за неговата одговорност и може да му 
  изрече казна.<br>
  Казната може да биде: укор, суспензија од положбата на која се наоѓа членот 
  во рамките на Слободен Софтвер Македонија на одредено време, исклучување од 
  органите на Слободен Софтвер Македонија, суспензија на членство во Слободен 
  Софтвер Македонија на одредено време или исклучување од Слободен Софтвер Македонија.<br>
  Против одлуката за казна, членот може да приложи жалба до Собранието на Слободен 
  Софтвер Македонија, ако смета дека му е ускратено непристрасното сослушување 
  или ако при утврдувањето на одговорноста е повредена некоја одредба од Статутот 
  или другите Општи акти на Слободен Софтвер Македонија.<br>
  Одлуката на Собранието е конечна.<br>
  <br>
  Член 20.<br>
  Кога ќе настане спор меѓу Слободен Софтвер Македонија и некој нејзин член, или 
  меѓу членови на Слободен Софтвер Македонија, а во врска со активностите на Слободен 
  Софтвер Македонија, со добра волја членовите мора да ги искористат сите можности 
  за надминување на спорот во рамките на Слободен Софтвер Македонија, пред да 
  го пренесат решавањето на спорот на други тела надвор од Слободен Софтвер Македонија.<br>
  Непридржувањето на став 1. од овој член се смета за груба повреда на Статутот 
  и за акт со кој се наштетува на угледот на Слободен Софтвер Македонија.<br>
  Органите на управување на Слободен Софтвер Македонија се должни да осигураат 
  брзо решавање на споровите во рамките на Слободен Софтвер Македонија.<br>
  <br>
  <br>
  V. ОРГАНИ И ТЕЛА НА СЛОБОДЕН СОФТВЕР МАКЕДОНИЈА<br>
  <br>
  Член 21.<br>
  Органи на Слободен Софтвер Македонија се: Собрание, Управен одбор и Надзорен 
  одбор.<br>
  <br>
  Член 22.<br>
  Собранието е највисок орган на Слободен Софтвер Македонија што го сочинуваат 
  сите негови членови, во чија што работа полноправно учествува Управниот одбор.<br>
  <br>
  Член 23.<br>
  Собранието се одржува според Програмата за работа и по потреба, а најмалку еднаш 
  годишно.<br>
  Собранието го свикува Претседателот, а во случај на негова спреченост, Потпретседателот 
  или член на Управниот одбор.<br>
  Седница на Собранието се свикува и по предлог на најмалку 1/5 од вкупниот број 
  членови на Собранието.<br>
  Ако Претседателот, Потпретседателот или член на Управниот одбор во рок од 16 
  дена од денот на дадениот предлог не свика и одржи седница, седницата ја свикуваат 
  иницијаторите.<br>
  Датумот за одржување на редовна седница на Собранието се објавува во публикациите 
  на Слободен Софтвер Македонија, најмалку 30 дена пред свикувањето на седницата.<br>
  <br>
  Член 24.<br>
  Собранието ги извршува следните задачи:<br>
  " донесува статут, програма и други акти;<br>
  " усвојува годишен извештај, насоки и план за работа;<br>
  " усвојува завршна сметка и финансиски план;<br>
  " одлучува за основање и укинување на ограноци и други облици на организирање 
  на Слободен Софтвер Македонија;<br>
  " одлучува за здружување или разделување од друго здружение и за зачленување 
  во сојузи и меѓународни организации;<br>
  " констатира прием на нови членови и престанок на членувањето;<br>
  " избира органи на Слободен Софтвер Македонија;<br>
  " одлучува за молби, приговори и жалби,<br>
  " избира членови на Слободен Софтвер Македонија коишто ќе ја застапуваат 
  организацијата надвор од Република Македонија.<br>
  " одлучува за престанок на Слободен Софтвер Македонија со двотретинско 
  мнозинство;<br>
  " одлучува и за други прашања кои не се во надлежност на другите тела на 
  Слободен Софтвер Македонија;<br>
  " врши и други работи во согласност со овој Статут и општите акти на Слободен 
  Софтвер Македонија.<br>
  <br>
  Член 25.<br>
  Собранието полноважно одлучува кога на седницата се присутни повеќе од половина 
  од бројот на членовите на Слободен Софтвер Македонија.<br>
  Доколку на седницата на Собранието не присуствуваат потребниот број членови, 
  тогаш заседанието се одложува и се закажува ново во рок од 30 дена.<br>
  Доколку и тогаш на седницата на Собранието не присуствуваат потребниот број 
  членови, тогаш Собранието работи со присутните членови.<br>
  Ако е потребно, собранието има право да одржи седница и без потребниот број 
  на членови.<br>
  Одлуките се донесуваат со просто мнозинството гласови од присутните членови.<br>
  <br>
  Член 26.<br>
  Гласањето на седницата е јавно, доколку Собранието не одлучи поинаку.<br>
  <br>
  Член 27.<br>
  Во случај на зголемување на бројот на членовите и организирање на ограноци и 
  групи со специјален интерес, членовите на Слободен Софтвер Македонија може во 
  Собранието да бидат застапувани од претставници на колективните членови, одделни 
  ограноци или други организациони единици.<br>
  Одлука за застапувањето преку преставници на колективните членови и за начинот 
  на гласање, донесува Собранието со Општ акт.<br>
  <br>
  Член 28.<br>
  За извршување на одредени работи Собранието може да формира работни тела, комисии, 
  совети и слично.<br>
  Со одлуката за формирање на телата од претходниот став се определуваат задачите, 
  начинот на работа и други прашања во врска со изборот и работата на овие тела.<br>
  <br>
  <br>
  Член 29.<br>
  Управниот одбор е колективно-извршен орган и одлучува за сите прашања од својата 
  надлежност во склад со Статутот и законот.<br>
  <br>
  Член 30.<br>
  Управниот одбор има седум (7) членови и тоа: претседател и шест (6) членови, 
  од кои едниот е потпретседател.<br>
  Претседателот на Управниот одбор воедно е и претседател на Слободен Софтвер 
  Македонија.<br>
  Претседателот и членовите на Управниот одбор ги бира Собранието, од своите редови.<br>
  Мнозинството на членовите на Управниот одбор се државјани на Република Македонија.<br>
  <br>
  Член 31.<br>
  Мандатот на претседателот трае три (3) години, со можност за реизбор.<br>
  Мандатот на членовите на Управниот одбор трае три (3) години, со можност за 
  реизбор.<br>
  <br>
  Член 32.<br>
  Поради несовесно и нередовно извршување на задачите, претседеталот или членот 
  на Управниот одбор може да се отповика и пред да му заврши мандатот.<br>
  Предлог за отповикување може да даде најмалку 1/5 од членовите на Собранието.<br>
  Предлогот со потписи се предава до Управниот одбор, кој закажува седница на 
  Собранието на начин утврден со овој Статут.<br>
  Доколку не биде свикана седница на Собранието во предвидениот рок, предлагачите 
  можат сами да го свикаат Собранието на начин утврден со овој Статут.<br>
  <br>
  Член 33.<br>
  Претседателот, а во негова спреченост, потпретседателот или член овластен од 
  страна на Управниот одбор ја застапува организацијата на Меѓународни собири 
  за Слободен Софтвер<br>
  .<br>
  Член 34.<br>
  Управниот одбор ги извршува следните задачи:<br>
  " ги подготвува седниците на Собранието;<br>
  " го подготвува нацртот на Статутот и другите одлуки што треба да ги донесе 
  собранието;<br>
  " ја спроведува политиката, заклучоците и одлуките донесени од Собранието;<br>
  " може да формира стручна служба и да врши контрола врз нејзината работа;<br>
  " соработува и одржува контакти со други здруженија на граѓани и стручни 
  организации во земјата и странство,<br>
  " одлучува за висината на членарината,<br>
  " управува и одговара за управувањето со имотот на Слободен Софтвер Македонија;<br>
  " подготвува годишен или периодичен извештај за својата работа;<br>
  " раководи со законската употреба на средствата според финансискиот план 
  на Слободен Софтвер Македонија;<br>
  " врши и други работи кои се со овој Статут и други општи акти на Слободен 
  Софтвер Македонија ставени во негов делокруг;<br>
  " донесува правилник за својата работа.</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif">Член 35.<br>
  Седниците на Управниот одбор ги свикува претседателот, а во случај на негова 
  спреченост, потпретседателот или член на Управниот одбор и кој што воедно и 
  раководи и претседава со седницата.<br>
  Седниците се одржуваат според Програмата за работа, а најмалку четири (4) пати 
  годишно. Членовите на Управниот одбор мора да бидат известени за закажаните 
  седници најмалку седум (7) дена порано.</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif">Член 36.<br>
  Управниот одбор полноважно заседава ако на седницата се присутни повеќе од половината 
  од неговите членови.<br>
  Одлуките на Управниот одбор се донесуваат со просто мнозинство гласови од вкупниот 
  број присутни членови на Управниот одбор. Доколку има ист број на гласови, гласањето 
  може да се повтори уште два (2) пати или да се одложи.</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif">Член 37.<br>
  Управниот одбор е наредбодател во областа на финансиско и материјално работење.<br>
  Претседателот е потписник на документите на Слободен Софтвер Македонија, а во 
  негова спреченост потпретседаталот или член избран од Управниот одбор.</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif"><br>
  Член 38.<br>
  Надзорниот одбор на Слободен Софтвер Македонија е самостоен орган кого го сочинуваат 
  три (3) члена кои ги избира Собранието, со мандат од три (3) години и со можност 
  за реизбор.</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif">Член 39.<br>
  Поради несовесно и нередовно извршување на задачите, член на Надзорниот одбор 
  може да се отповика и пред да му заврши мандатот.<br>
  Предлог за отповикување може да даде Управниот одбор или најмалку 1/5 од членовите 
  на Собранието.<br>
  Предлогот со потписи се предава до Управниот одбор, кој закажува седница на 
  Собранието на начин утврден со овој Статут.<br>
  Доколку не биде свикана седница на Собранието во предвидениот рок, предлагачите 
  можат сами да го свикаат Собранието на начин утврден со овој Статут.</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif">Член 40.<br>
  Надзорниот одбор ги има следните задачи, права и одговорности:<br>
  " врши контрола на работата на Управниот одбор;<br>
  " се грижи за исправноста во работата на Собранието, согласно овој Статут 
  и останатите акти на Слободен Софтвер Македонија;<br>
  " врши контрола на финансиското и материјалното работење на Слободен Софтвер 
  Македонија;<br>
  " за својата работа одговара пред Собранието;<br>
  " се состанува по потреба, а најмалку еднаш во годината, а го свикува било 
  кој член на Надзорниот одбор;<br>
  " Има пристап и право на увид во сите документи на Слободен Софтвер Македонија 
  кои ќе ги побара.</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif">Член 41.<br>
  Со Општ акт - Правилник, се определуваат правата, обврските и одговорностите 
  во врска со работата на Управниот одбор.</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif"><br>
  VI. ФИНАНСИРАЊЕ НА СЛОБОДЕН СОФТВЕР МАКЕДОНИЈА</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif">Член 42.<br>
  Слободен Софтвер Македонија, финансиското работење го обавува преку сопствена 
  денарска и девизна жиро сметка.<br>
  Слободен Софтвер Македонија за потребите на своето работење може да стекнува 
  предмети, парични средства и имотни права.</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif">Член 43.<br>
  Средствата за остварување на целите и задачите, Слободен Софтвер Македонија 
  ги стекнува од:<br>
  " членарина;<br>
  " прилози;<br>
  " донации;<br>
  " спонзорства;<br>
  " подароци;<br>
  " хонорари за соработка во публикации, истражувачки и други проекти;<br>
  " на други со закон дозволени начини.</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif">Член 44.<br>
  Начинот на плаќање и висината на членарината ја одредува Управниот одбор.</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif">Член 45.<br>
  Слободен Софтвер Македонија може да добие средства од Буџетот на Република Македонија, 
  буџетот на единиците на локална самоуправа и буџетот на Град Скопје.<br>
  Средствата од претходниот став, Слободен Софтвер Македонија може да ги добие 
  врз основа на претходно изготвени програми (проекти) кои ќе бидат одобрени од 
  Владата на Република Македонија, односно надлежните министерства, советите на 
  единиците на локална самоуправа и Советот на Град Скопје, во согласност со законот.<br>
  Слободен Софтвер Македонија може да добие средства и од други домашни и странски 
  невладини организации и фондации како и од Европската Унија врз основа на претходно 
  изготвени програми (проекти).</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif">Член 46.<br>
  Средствата што Слободен Софтвер Македонија ги стекнува согласно членовите 43 
  и 45 од овој Статут се нејзина сопственост.</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif">Член 47.<br>
  Средствата на Слободен Софтвер Македонија се утврдуваат и се распределуваат 
  според финансиски план.<br>
  Завршната сметка ја усвојува Собранието, секоја календарска година.<br>
  Средствата во финансискиот план се утврдуваат според видовите на приход, а се 
  распределуваат според Програмата за работа и тоа: <br>
  " за извршување на целите и задачите од Програмата,<br>
  " за функционални расходи на Слободен Софтвер Македонија.</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif">Член 48.<br>
  Со законската употреба на средствата според финансискиот план на Слободен Софтвер 
  Македонија раководи Управниот одбор, а овластени потписници на жиро-сметките 
  се Претседателот и уште два членови на Управниот одбор.<br>
  Потпишувањето е колективно, со најмалку два (2) потписи.</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif"><br>
  VII. ПРЕСТАНОК НА РАБОТАТА НА СЛОБОДЕН СОФТВЕР МАКЕДОНИЈА</font></p>
<p><font face="Times New Roman, Times, serif">Член 49.<br>
  Слободен Софтвер Македонија престанува со работа по сила на закон или со одлука 
  на Собранието, а во согласност со овој Статут.<br>
  Слободен Софтвер Македонија може да престане со работа:<br>
  " ако е донесена одлука на Собранието на Слободен Софтвер Македонија со 
  двотретинско мнозинство;<br>
  " ако бројот на членовите на Слободен Софтвер Македонија се намали под 
  бројот определен за основање;<br>
  " ако Уставниот суд на Република Македонија донесе одлука дека Програмата 
  и Статутот на Слободен Софтвер Македонија не се во согласност со Уставот на 
  РМ;<br>
  " ако се утврди дека Слободен Софтвер Македонија престанала со работа; 
  и<br>
  " во други случаи определени со закон.</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif">Член 50.<br>
  Со престанок на работата на Слободен Софтвер Македонија, целокупниот имот и 
  средства се пренесува во сопственост на Институтот за психологија при Филозофскиот 
  факултет во Скопје.</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif"><br>
  VIII. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif">Член 51.<br>
  Овој Статут стапува во сила на денот на неговото усвојување од страна на Собранието, 
  а ќе се применува од денот на уписот на Слободен Софтвер Македонија во регистарот 
  на здруженија на граѓани и фондации кај надлежниот орган на управата.</font></p>
<p align="left"><font face="Times New Roman, Times, serif">Член 52.<br>
  Измени и дополнувања на овој Статут се вршат на начин и во постапка како и за 
  неговото донесување.<br>
  </font></p>
</body>
</html>