<!DOCTYPE HTML PUBLIC "-//W3C//DTD HTML 4.0 Transitional//EN">
<HTML><HEAD>
<META content="text/html; charset=utf-8" http-equiv=Content-Type>
<META content="MSHTML 5.00.2614.3500" name=GENERATOR>
<STYLE></STYLE>
</HEAD>
<BODY bgColor=#ffffff>
<DIV><FONT face=Arial size=2>Здраво на сите!<BR><BR>За тие што ме знаат, ОК, а
за тие што не ме знаат да се претставам. Јас сум<BR>Александар Савиќ, попознат
како Ацо. :-) Јас сум одговорен за проектот<BR>Софтвер на македонски и лидер на
PCInfo+ software тимот. Од неодамна сум<BR>член на вашата маилинг листа и ја
следам дискусијата околу статутот на<BR>организацијата Слободен Софтвер
Македонија. Па и јас (од правна гледна<BR>точка), ќе изнесам некои свои
коментари во врска со статусот и ќе реплицирам<BR>на некои ваши
коментари.<BR><BR>Глава IV член 15.<BR>Ова "кој што ќе биде поканет да се
приклучи" ми звучи по малку комунистички.<BR>Може да се забележи дека статутот е
прилично либерален, па зошто да не биде<BR>либерален и да им се дозволи на сите
заинтересирани поединци да се приклучат<BR>во организацијата.<BR><BR>Глава IV
член 16.<BR>"пристапницата при исклучок или престанок на членување задолжително
му се<BR>враќа". Овој став ми е некако смешен. Што ќе му е на исклучениот
член<BR>пристапницата кога веќе излегол од организацијата? Таа треба да стои
во<BR>архивата на организацијата.<BR><BR>Глава V член 31.<BR>Мислам дека
попрецизно треба да се регулира мандатот на претседателот и<BR>членовите на УО,
поточно нивниот реизбор (дали тоа е само еден реизбор, по<BR>кој нема право
повеќе да се кандидира, или пак станува збор за два или<BR>повеќе
реизбори).<BR><BR>Глава VI член 44.<BR>Овој член е излишен бидејќи претходно (во
глава V член 34) во задачите на УО<BR>се сретнува истата
формулација.<BR><BR>Исто така, треба да се смени и тоа со став 1, кој условно
кажано не постои.<BR>Тој е вметнат, но не е обележан како таков. Но ова се
ситници. Исто, текстот<BR>на статутот треба да се пречисти и да се лекторира.
Има одредени странски<BR>зборови и ситни грешки.<BR><BR>И за најгорливиот
проблем - називот комерцијален софтвер. Во моето<BR>повеќемесечно искуство како
лидер на проектот Софтвер на македонски имам<BR>остварено контакти со 50-тина
софтверски куќи. При комуникацијата со нив, се<BR>користи терминот комерцијален
софтвер. Истиот назив се сретнува и на нивните<BR>веб страници и во оној дел "I
agree" кои сите ние набрзина го кликаме :-)<BR>Мислам дека нема потреба да се
менува, да се остави "as=is". Називите<BR>"затворен" и "сопственички" може да
имаат и асоцираат друго значење.<BR><BR>Доколку не се смени статутот (делот со
поканувањето на членовите), очекувам<BR>да ме повикате како член на
организацијата. А ако се смени, сам ќе си се<BR>повикам.
:-)<BR><BR>Поздрав,<BR>Александар<BR><BR><BR><BR><BR><BR></FONT></DIV></BODY></HTML>