<!DOCTYPE html PUBLIC "-//W3C//DTD HTML 4.01 Transitional//EN">
<html>
<head>
  <meta content="text/html;charset=UTF-8" http-equiv="Content-Type">
  <title></title>
</head>
<body bgcolor="#ffffff" text="#000000">
<tt>Еве јас. Еве го текстот кој им го испратив :<br>
<br>
</tt><small><font face="Courier New, Courier, monospace">Почитувани
господа,
<br>
<br>
Веќе неколку пати се случува во Вашиот весник да прочитам статии кои
содржат невистинити и непотврдени информации, превземени од други
извори и извадени од контекст. Покрај сето тоа, и "новинарот" кој ги
пишува ваквите статии не наоѓа за сходно да ги потпише, а камоли да ги
наведе или барем правилно да ги цитира своите извори. Кратко кажано,
беден изговор за новинарство.
<br>
<br>
Последниот случај, во кој Вашиот "новинар" (морам тоа да го ставам под
наводници, бидејќи непотпишаниот превземач на текстот не исполнува
ниеден критериум за новинар) изнесува превземен текст од Форбс (<a
 class="moz-txt-link-abbreviated" href="http://www.forbes.com">www.forbes.com</a>)
во кој, под бомбастичниот и навредлив наслов, се наведуваат невистини
за легалноста и сигурноста за користењето на Линукс (Linux)
оперативниот систем. Од овој краток текст, во позадина на информациите
кои (неточно) се наведени, ги параат очите фактите дека пишувачот на
текстот не само што не е запознат со проблематиката која ја обработува,
туку покажува и очајно неразбирање на правните и економските рамки во
кои се одвиваат случувањата кои ги цитира. Ќе ги наведам
проблематичните места во текстот едно по едно и ќе се потрудам да дадам
нивна вистинска интерпретација. Цитатите од Вашиот текст ќе ги заградам
со испрекинати линии.<br>
<br>
------------------
<br>
"Компанијата тврди дека „Линукс“ украл 300 патенти, вклучувајќи и 27 од
најголемиот конкурент „Мајкрософт“, и ги вградил во својот оперативен
систем. Според ОСРМ, компаниите од кои „Линукс“ ги украл идејните
решенија за својот систем можат да ги тужат и корисниците на „Линукс“
за милиони долари отштета."
<br>
------------------
<br>
Се работи за компанијата Open Source Risk Management (<a
 class="moz-txt-link-abbreviated" href="http://www.osriskmanagement.com">www.osriskmanagement.com</a>).
Доколку потрошите десетина минути на сајтот на оваа компанија, ќе ја
откриете нејзината намена. Никаде оваа компанија не тврди дека Линукс
"украл" било какви патенти, поготово не на Мајкрософт, чиј оперативен
систем е суштински различен. Линукс е оперативен систем со отворен код
кој го изработуваат огромен број на програмери во светски рамки, а
голем број од нив тоа го прават на доброволна основа. Тие програмери не
можат да знаат дали во својот код употребиле технологија која ја
употребил и платен програмер во друга компанија - едноставно затоа што
кодот на таа друга компанија е затворен. Веројатност за употреба на
веќе употребена технологија постои, бидејќи во една ваква прецизна
гранка од техниката постојат само ограничен број на начини на кои може
да се постигне определена цел - тоа не е "крадење на идејни решенија".
<br>
<br>
------------------
<br>
Даниел Егер, сопственикот на ОСРМ, бара сопствениците на компјутери што
користат „Линукс“ да му плаќаат по 150.000 долари годишно за да ги
осигури и да ги брани во случај да бидат тужени поради користење
„Линукс“
<br>
------------------
<br>
ОСРМ не бара ништо од сопствениците на Линукс компјутери, а 150.000
долари не бара од никого. ОСРМ нуди правна и економска помош (<a
 class="moz-txt-link-abbreviated"
 href="http://www.osriskmanagement.com/offerings.shtml">www.osriskmanagement.com/offerings.shtml</a>)
на компаниите кои би биле загрозени од евентуална тужба од само една
компанија - SCO (<a class="moz-txt-link-abbreviated"
 href="http://www.sco.com">www.sco.com</a>). Повеќе за ваквите тужби ќе
напишам понатаму. Ваквата помош се нуди затоа што доколку некоја помала
компанија е тужена, трошоците кои таа би ги имала за сопствената
одбрана далеку би ја надминале сумата на осигурувањето (а не, како што
авторот наведува, "би можеле да загубат до пет милиони долари"). Исто
така, за 250 долари годишно, ОСРМ нуди заштита за програмерите кои
работат на јадрото на Линукс од можни тужби дека тие злоупотребиле
нечија туѓа технологија.
<br>
<br>
Верувам дека досега е јасно дека ниедна компанија (поготово толку мала,
како што е ОСРМ) би нудела ваква заштита, доколку не е сосема сигурна
дека клиентите кои ги застапува не "украле" нечии патенти или заштитени
технологии. Но, да продолжиме со небулозите во текстот.
<br>
<br>
------------------
<br>
Компанијата истакнува дека на сите што ќе и платат ќе им каже кои се
нелегалните делови на „Линукс“.
<br>
------------------
<br>
Компанијата никаде не истакнува таква работа. Нелегални делови на
Линукс не постојат.
<br>
<br>
------------------
<br>
Интересно е што ОСРМ досега правел пари ширејќи го „Линукс “ и нудејќи
осигурувања за корисниците на бесплатниот оперативен систем, кои би
можеле да бидат тужени од „Мајкрософт“ или од други компании.
<br>
------------------
<br>
ОСРМ не правел пари "ширејќи го Линукс". ОСРМ е консултантска
организација која, види чудо, наплаќа за своите услуги како што се
правно застапување. Разликата е во тоа што ОСРМ е основач на фондација
во која помалите компании кои во основа на својот бизнис го имаат
Линукс уплаќаат годишна сума која би послужила за евентуална одбрана од
тужби. Тоа не се пари на ОСРМ, тоа се пари на компаниите кои ги
уплаќаат.
<br>
<br>
------------------
<br>
[...Еден куп лошо преведени цитати...]
<br>
Ова навистина многу смрди - вели Роберт Ендерли, претседател на
калифорниската групацијата „ Ендерли“, која се занимава со истражување
на пазарот
<br>
------------------
<br>
После ваков цитат веднаш станува јасно дека превземачот на текстот не
потрошил ни пет минути да го провери кредибилитетот на изворите кои ги
цитира. Роберт Ендерли не е само претседател, туку и ЕДИНСТВЕН ВРАБОТЕН
во групацијата "Ендерли". Можете да го проверите на неговиот сајт - <a
 class="moz-txt-link-abbreviated" href="http://www.enderlegroup.com">www.enderlegroup.com</a>.
Она што кај нас популарно се нарекува "човек-фирма", во случајов постои
како "независен" известувач кој добива пари за да објави бомбастични
статии (очигледно, иста крвна група како Вашиот пишувач). Долга низа
години оваа "групација", како и самиот весник Форбс, се на платниот
список на Мајкрософт. Ова можете да го најдете дури и на сајтот на
Мајкрософт, ако се потрудите.
<br>
<br>
------------------
<br>
Сепак Линус Торвалдс, основачот на „Линукс“, вели дека не е загрижен од
предупредувањата дека крадел патентирани програмерски решенија.
<br>
<br>
- Доколку „Линукс“ навистина украл патенти, ќе го измениме спорниот дел
од програмата и ќе го отстраниме проблемот - вели Торвалдс.
<br>
------------------
<br>
Повторно, лошо преведени цитати. Линус Торвалдс ГАРАНТИРА дека не
"крадел" - оттаму незагриженоста. Тој, како што веќе истакнав, не може
да знае дали некоја технологија е веќе употребена затоа што нема
пристап на туѓите кодови. Неговото тврдење е дека, доколку некоја од
користените технологии (кои се секому на увид заради отвореноста на
кодот) е спорна, програмерите се готови да ја изменат. Доколку го
прочитате и оригиналниот цитат, тој уште вели и дека "воопшто не сакаат
туѓи технологии" во Линукс.
<br>
<br>
------------------
<br>
Новата криза со „Линукс“ претставува продолжение на тужбата што беше
поднесена во март 2003 година, кога компанијата „СЦО“ од САД го тужеше
„ИБМ“ зашто неговите програмери украле дел од нивна програма и ја
вградиле во „Линукс“. Тужбата засега е блокирана бидејќи „СЦО“ не
соопштува точно кој е украдениот дел од програмата.
<br>
------------------
<br>
Мало описменување на вашиот "новинар" : Не се работи за "програми",
туку за оперативни системи. Наведената тужба се однесува на прекршување
на договорот на ИБМ (<a class="moz-txt-link-abbreviated"
 href="http://www.ibm.com">www.ibm.com</a>) со СЦО кој се однесува на
тајноста на кодот на оперативниот систем SCO UNIX, а кој наводно ИБМ го
превзел и делови вградил во Линукс. Веќе година и пол СЦО не доставува
докази за прекршување на договорот, и од ИБМ е поднесено барање за
отфрлање на тужбата. Детални податоци за овој процес можете да најдете
на сајтот <a class="moz-txt-link-abbreviated"
 href="http://www.groklaw.com">www.groklaw.com</a> кој се занимава
скоро исклучиво со следење на овој процес.
<br>
<br>
<br>
Очигледно, нема дел од текстот кој е исправен и без свои проблеми.
Доколку Вашиот весник воопшто држи до својот кредибилитет, би требало
да влијаете на Вашите новинари да вршат, барем и мали, истражувања кои
би придонеле за точноста на текстот. Ваквите текстови не само што го
нарушуваат угледот на весникот, туку директно работат на штета на
угледот на еден напреден и слободен оперативен систем како што е
Линукс, а со самото тоа нанесуваат и голема штета на компаниите кои го
избрале како дел од својот бизнис и кои активно работат на неговото
пропагирање (како што е и компанијата во која јас работам). Би сакал
ова писмо да се најде објавено и во Вашиот весник, и на Вашиот сајт, во
оригинална - неизменета - форма, доколку држите до толку воспеваната
"медиумска независност". <br>
<br>
Поздрав,<br>
<br>
Никола Ваневски<br>
Software Pro Design <br>
<a class="moz-txt-link-abbreviated" href="mailto:nino@postbank.com.mk">nino@postbank.com.mk</a><br>
<br>
<br>
</font></small>
<br>
<br>
Дамјан wrote:<br>
<blockquote cite="mid200408042237.35081.penguinista@mail.net.mk"
 type="cite">
  <pre wrap="">ебате мороните
<a class="moz-txt-link-freetext" href="http://www.vreme.com.mk/index?nid=8969">http://www.vreme.com.mk/index?nid=8969</a>

кој ќе напише rebutal?

  </pre>
</blockquote>
</body>
</html>