Да потврдам дека Ивица е дел од JoomlaMK тимот - т.е. ги синхронизиравме нашите активности од пред некое време. Се надевам дека ќе се има разбирање бидејќи со некои работи се судираме по прв пат. Она што е најбитно е - сакаме македонската поддршка да биде системска и да доаѓа аут-оф-д-бокс (како на пр. Фајрфокс, Тандрбрд, ООо, 7-зип и сл) а не да треба некој фајл некаде да ставиш па да ти проработи. Лобиравме навремено да се промени јадрото системски со поддршка за УТФ-8 (пр. mbstring поддршка) - инаку по моја проценка најголемиот проблем со било кој енџин кој сака да биде меѓународен. Сеуште е проблематична повеќејазичноста со не баш најдобри решенија за некои работи (Фиш) но можеби во иднина ќе напреднат некои работи.

Среќа е тоа што Joomla заедницата е отворена за овие сугестии, и се надевам дека конечно ќе ја видиме 1.5 која доцни добри година и пол (поранешна 4.5).

Да повторам дека тимот е отворен за соработка, деновиве ќе ја олесниме комуникацијата со домашниот сајт на кој секако дека освен кратки вести и преземање на преводот и пакетите ќе има отворен форум на корисници.

Воедно, би сакале целата работа да биде координирана и со македонската слободно-софтверска заедница. Сепак има видлив раст на број на Joomla/Mambo инсталации во Македонија, а тоа е заслуга на сите оние кои се потрудиле да ја научат.

Останува отворено прашањето дали е комуникацијата воспоставена или е потребен додатен труд? Дали евентуално е потребна мејлинг листа? (Иако јас би преферирал форум).

Јован Петров