Малку каснам со дискусијата, ама ајде да се каже нешто.
Како прво, престанете со навредување (тие си знаат кои се)!!!
Како второ, ако толку многу сте засегнати со тоа што нема компјутерска литература на македонски јазик ајде тогаш покренете акција да направете а не само зборите немало ова немало она. Изгледа дека повеќе ви одговара да зборите отколку да сработите нешто.

Како трето, доста веќе со преземање на зборови од страна. Ако веќе нема постоечки македонски збор за одреден превод, тогаш треба да се потрудиме да создадеме таков а не само „ајде бе брат ќе мислеш шо значи, дај удри една транслитерација и терај". ГЛУПОСТИ. Ајде некој од сите вас нека ми каже што е тоа ТАГ на македонски. ЕДЕН!!! Од ова поглупаво нешто нема слушнато.

Што се однесува до лекторирање и слично, јас знам дека САМО Боби има направено такви обиди и НИКОЈ друг. Значи една личност. Што е тоа? Значи повеќето не ги е гајле нели?

Аааа да, не ме интересира дали Руси или Срби или марсовци или јупитерци или суштества од други галаксии користат превод на File како Фајл. Си има македонски збор и тој треба да се користи. Дали некоја професорка или министер или претседател го користи како таков не ме интересира.

Вака сега:
mark, tag, label  се синоними во англиски и сите имаат исто значење. тоа е една иста работа како и обично зависи во кој контекст на реченицата се користи.

Mark = tag = label => ознака, значка, етикета, обележува, именува

а верувајте може да се најдат и многу други зборови за тие што ќе се обидат да го преведат.
Ако некој од вас го послуша мојот совет и преведува добро е за вакви зборови да го користите чедото на google,
www.answers.com и всушност ќе прочитате што значат тие зборови и што може да значат. Има за општа употреба, за употреба во технологијата, за употреба во економијата, за СЕ. На страницата убаво си има објаснето што е тоа label, mark, tag и се друго што ќе си побарате. Така да можете да проверете.

Не е оправдување дека нема македонски зборови. Зборови има, само што некој не знае да ги користи или пак не ги знае воопшто.

Поздрав, Зоки.