Македонскиот јазик си го ценам како нешто свето, што секој од нас треба да го прави. Јазикот е уникатен, мора сите да признаеме, доста сличен со останатите Словенски јазици, што не треба да го гледаме како нешто лошо, туку напротив, како нешто што на нашиот јазик му дава поголема вредност.

Факт е дека секој јазик задолжително мора да го проширува својот речник. Како што се откриваат нови работи така нели и мораме да им даваме нови имиња. И секој јазик се смета за подобар, доколку има поголем речник. Овде значи дека прифаќање на србизми, англицизми, русизми... не е лоша работа. Проблемот овде како да се преведе Датотека или Фајл, или не знам Уреди, Вчитај, .... е оставен на нас. Значи знаеме дека немаме подршка од професионални лектори, или уште по банално, што немаме речник со компјутерска терминологија, али треба да бидеме свесни дека кога ќе дојде тој ден сигурно нема за Window да викаме пенџере. Значи да гледаме на сево ова не некој да тепаме или каменуваме или кастрираме. Не е крива ниту учителката на Стојанче или Уфо шо дошол од Марс. Нека даде секој од нас како глас сугестија мислење евентуално ако знае превод на терминот од Англиски или било кој друг јазик на Македонски. Останатото не е ни битно.

Моите мислења за преводите се:
Mark = Обележи, Означи
Label = Лабела
Tag = Таг
File = Датотека