Моментално гледам Скај Нет и Јанко Јади бурек па се отвори тема за тендер што е објавен за компјутеризација на училиштата. Во програма се јави некој од владата мислам од министерството за образование дека беше и објасна некои работи околу тендерот за тоа какви компјутери ќе се набават и тн.  Една работа што ме изненади беше тоа што Јанко му постави прашање во врска со софтверот што ќе се користи на тие компјутери и типот му вика па ќе одиме на Линукс варијанта :) Опаа си викам почнал некој да размислува во државава. И сеа по некое време му стига на Јанко пошта во која се вели дека Линукс е лошо решение и дека не е воопшто бесплатен и дека скапо ќе не чини (како држава). Во истата порака стоеше дека наводно се одбрала Сусе дистрибуција која не е ни малку ефтина, па Јанко јавно повика да се седни и да се разговара околу тоа каков тип на софтвер треба да се одбери. Како заедница мислам дека треба да дејствуваме ... дали со писмо дали со нешто друго не е битно, битно е да се дејствува.
<br>