Дека се отвори дебата (мала) на средбата за Сподели Знаење во вторникот и малку се разврзаа некои теми, ама не се решија.
Се надевам дека нема да испровоцирам демагошки впечаток на луѓето од листава посебно не на  "управниот одбор", така кажано, мислам дека треба да се преземат некои порешителни и поефективни мерки за информирање и воведување во проекти и средби на луѓето од заедницата.

- Еве да се стават додатни линкови (листа) кои се луѓе: Организација на слободен софтвер.
//многу малце луѓе што сакаат да побараат сериозен продукт од ОССМ незнаат кој да побараат во организацијата

и дали тоа законски ќе можат да си го регулираат.
- Второ самиот тип на информирање очигледно не е доволно добар или флексибилен, не се работи за тоа сега: И што да прајме!
Туку треба да се направи или додатен сајт на кај што ќе се ставаат сите проекти (значи до еден) и само да си избереш и да       најдеш документација за се што те интересира и кај сакаш да помогнеш (ако има таков сајт поправете ме), и да се ажурира со информации кој проект до каде е сработен. Значи тој што ќе допринесе за работата за која што е заинтересиран да може да си симне и да запише коментар дека симнал и да даде зелено светло колку сериозно ќе го сработи. Ако сакате да се направи сајтот мојата подршка ја имате 100%, значи до каде што можам да направам/сработам и ресто нормално, ако сака некој да ми помогне. Нешто како Балал што има направено што е одлично само да си биде во посебен сајт и да биде од сите области на слободен софтвер.

http://wiki.lugola.net/index.php/Main_Page - значи ова е пример....
- Некако да се размисли за On The Fly решение во врска со контакти и информирање.
- Исто ако листава се користи за информирање и запознавање на нови луѓе што влетуваат, значи нема чарсиски муабети што се за негде на "седенка" или на кафе.

//Многу луѓе имаат прочитано што има се на листава и како што влетале така излетале, затоа што покажуваме голема
несериозност.
- И мора да има негде информација за сите луѓе што ќе учествуваат со некаква помош или соработка во некоја, било каква работа дека ќе бидат негде запишани (на OSSM Wall Of Honor или слично) или ќе имаат некоја награда.

- И дефинитвно да заборавиме дека има глупави прашања, има и стално ќе има, затоа што многу луѓе не знаат или не се информирани исто како "мене" и дека можеби сите овие работи што ги пишувам веќе ги има, а јас појма немам. А за да се информираат луѓе како "мене" напишав погоре што предлагам да се направи или промени.

И се надевам дека нема да добијам ругање на листава, дека тоа редовно се случува! Значи не му попувам на никој, туку очигледно дека не фунционираат работите како што треба, која што е и една од причините зашто избегнувам да пишувам на листава. Треба да се размисли на оваа тема ако не друго. И се надевам нема добијам повратно ЕВЕ УБАВО НАПИШАЛ ЧОВЕКОВ, АЈ СЕА БАТКАНАПРАЈ СИ ГИ САМ РАБОТИВЕ ОТИ НЕКОЈ ТОА САКАЛ ДА ГО НАПРАВИ ОДАААМНА АМА НИКОЈ НЕ ГО ЗАРЕЦКУВАЛ И бла бла...

Со кукање и мрчење знаеме кај се стигнува, значи треба да бидеме на повисоко ниво од тоа и да имаме трпение и разбирање за сите работи што ни се смешни или глупави.