<html>
<head>
<meta content="text/html; charset=UTF-8" http-equiv="Content-Type">
</head>
<body bgcolor="#FFFFFF" text="#000000">
Здраво!<br>
<br>
Најава за следнава среда, на митап во Суперфаундерс, ќе имаме
презентација на еден од најдобрите UX експерти во Македонија, <a
href="https://www.linkedin.com/in/zlatanm">Златан Мујчин</a>.
Златан ќе направи спој на иновативните технологии и бизнис модели со
критичната компонента - корисничкиот интерфејс. <br>
<br>
Добредојдени сте сите во просториите на Суперфаундерс од 19:00. Ќе
завршиме до 20:30, па после одиме на <a
href="https://www.facebook.com/events/601331526580758/">Твитер и
Блогираме награди во МКЦ</a>.<br>
<br>
Со учесниците во програмата Старт, во среда имаме приватни
консултативни сесии, со цел да ги лоцираме слабите страни и што
поскоро да ги средиме, пред крајот на програмата и можноста да ги
промовираме пред инвеститори и интернационално.<br>
<br>
Почнувајќи од 17:00 до 19:00, секој тим има термин од 30 минути за
преглед на напредокот. Уште утре пишете ми кој термин ви одговара
најмногу. Ако има поголем интерес, може да останеме и по 20:30.<br>
<br>
Ќе правиме преглед на следното:<br>
- Дефинирање на MVP. Што е продуктот, до каде се границите, кој е
value proposition<br>
- Бизнис моделот<br>
- Elevator pitch<br>
- Prezentacija<br>
- Лендинг веб страна, брендинг, профили на социјални медиуми.<br>
- Валидација на бизнис претпоставките<br>
<br>
Бидејќи на сите ви фали по некоја од точкиве, разработете ги во
текот на утрешниот ден за да имаме што подобра ситуација во среда.<br>
<br>
Поздрав<br>
Александар<br>
</body>
</html>