[Mozilla] Покана за МИО

Igor Stamatovski igor.stamatovski at gmail.com
Sat May 8 19:37:07 CEST 2010


2010/4/26 Gorjan Jovanovski <jovanovski at gorjan.info>:
> Дај да смислиме некој формален текст што ќе стои во меилот-покана за
> министеров наш.
> Предлози?


Почитувани,

Од името на меѓународната непрофитна фондација Мозила, нејзината
локална гранка Мозила Македонија и непрофитната организација Слободен
софтвер Македонија, би сакале да ве поканиме да земете учество на
меѓународната конференција „Мозила Балкан 2010“.

Предавањата ќе ги одржат претставници од Мозила заедниците на
корисници од регионот на Балканскиот полуостров, македонската јавност
и професионалци од македонската IT.

Конферецијата е обид на фондацијата Мозила да ги зближи заедниците на
корисници во регионот, притоа истакнувајќи ги предностите на
соработката, слободниот софтвер, локализацијата, отворената мрежа и
слободниот Интернет.

Овој настан е прв од ваков вид во Македонија и пошироко, каде што
познати придонесувачи од сферата на слободниот софтвер ќе се соберат
на едно место да разменат идеи и знаење. Настанот преставува одлична
можност за подобро запознавање и едуцкација на младите за слободниот
софтвер и неговото значење и е поддржан од Mozilla организацијата, од
каде што ќе присуствуваат и нивни претставници.

Вашето учество ќе придонесе кон исполнување на целта и подигнување на
значењето на оваа средба

Со почит,

Организациониот одбор


-- 
Igor


More information about the Mozilla mailing list