From misa at slobodensoftver.org.mk Tue Apr 5 13:44:43 2011 From: misa at slobodensoftver.org.mk (=?UTF-8?B?0JzQuNGI0LAg0J/QvtC/0L7QstC40Zw=?=) Date: Tue, 5 Apr 2011 13:44:43 +0200 Subject: [Npss] =?utf-8?b?0YTQuNC90LDQu9C90LAg0LLQtdGA0LfQuNGYINC90LAg0L0=?= =?utf-8?b?0L/RgdGB?= Message-ID: Почитувани, После 4-те јавни настани одржани во Тетово, Штип, Скопје и Битола составивме финален нацрт на текстот на Националната политика за слободен софтвер. Оваа верзија ви ја праќаме назад на работната група на последно разгледување пред да се достави до Министерството за информатичко општество и администрација со цел усвојување на ниво на Влада. Доколку имате некои коментари по текстот ве молам доставете ги на мејл најдоцна до петок кога ќе ја доставиме финалната верзија до МИОА. Во текот на месец март во Тетово, Штип, Скопје и Битола се одржаа јавни настани за промоција и дискусија по повод текстот на Националната политика за слободен софтвер. Целта на овие настани беше да се вклучи јавноста во процесот на финализирање на текстот на политиката пред таа да биде предадена на Министерството за информатичко општество и администрација. Ова воедно беше последната фаза од проектот за донесување на националната политика. Како носители на јавните средби беа вклучени преставници од „Слободен софтвер Македонија“, фондацијата „Метаморфозис“ и министерството. Форматот на јавните настани беше замислен да опфати воведна презентација за потребите од донесување на оваа политика. Во таа смисла, беше истакнато дека оваа политика се носи за да се истакне добрата пракса во користење на слободен софтвер и да се укаже на погрешните примери и како тие да се намалат. Имплементацијата на проектот „Компјутер за секој ученик“ беше посочена како добар пример врз кој што треба да се гради идната политика но и да се препознаат слабостите со цел имплементација на подобри проекти во иднина. Се посочија сите препораки на политиката и се објасни нивната смисла. Бидејќи настаните се одвиваа во академските градови, посебен акцент се додаде и на врската помеѓу слободниот софтвер и образованието како и пазарот на труд. Воедно се подвлече и значењето на отворените стандарди, неутралноста и непристрасноста во работењето на јавната власт по однос на технолошките барања и комуникација со граѓаните. Повеќе за самите настани можете да видите на: http://npss.slobodensoftver.org.mk/2011/04/blog-post.html Со почит -- Миша Поповиќ / Misha Popovikj http://slobodensoftver.org.mk -------------- next part -------------- A non-text attachment was scrubbed... Name: npss.odt Type: application/vnd.oasis.opendocument.text Size: 155044 bytes Desc: not available URL: -------------- next part -------------- A non-text attachment was scrubbed... Name: npss.pdf Type: application/pdf Size: 215474 bytes Desc: not available URL: