[Npss] финална верзиј на нпсс

Миша Поповиќ misa at slobodensoftver.org.mk
Tue Apr 5 13:44:43 CEST 2011


Почитувани,

После 4-те јавни настани одржани во Тетово, Штип, Скопје и Битола
составивме финален нацрт на текстот на Националната политика за
слободен софтвер. Оваа верзија ви ја праќаме назад на работната група
на последно разгледување пред да се достави до Министерството за
информатичко општество и администрација со цел усвојување на ниво на
Влада. Доколку имате некои коментари по текстот ве молам доставете ги
на мејл најдоцна до петок кога ќе ја доставиме финалната верзија до
МИОА.

Во текот на месец март во Тетово, Штип, Скопје и Битола се одржаа
јавни настани за промоција и дискусија по повод текстот на
Националната политика за слободен софтвер. Целта на овие настани беше
да се вклучи јавноста во процесот на финализирање на текстот на
политиката пред таа да биде предадена на Министерството за
информатичко општество и администрација. Ова воедно беше последната
фаза од проектот за донесување на националната политика. Како носители
на јавните средби беа вклучени преставници од „Слободен софтвер
Македонија“, фондацијата „Метаморфозис“ и министерството.

Форматот на јавните настани беше замислен да опфати воведна
презентација за потребите од донесување на оваа политика. Во таа
смисла, беше истакнато дека оваа политика се носи за да се истакне
добрата пракса во користење на слободен софтвер и да се укаже на
погрешните примери и како тие да се намалат. Имплементацијата на
проектот „Компјутер за секој ученик“ беше посочена како добар пример
врз кој што треба да се гради идната политика но и да се препознаат
слабостите со цел имплементација на подобри проекти во иднина. Се
посочија сите препораки на политиката и се објасни нивната смисла.
Бидејќи настаните се одвиваа во академските градови, посебен акцент се
додаде и на врската помеѓу слободниот софтвер и образованието како и
пазарот на труд. Воедно се подвлече и значењето на отворените
стандарди, неутралноста и непристрасноста во работењето на јавната
власт по однос на технолошките барања и комуникација со граѓаните.

Повеќе за самите настани можете да видите на:
http://npss.slobodensoftver.org.mk/2011/04/blog-post.html

Со почит

-- 
Миша Поповиќ / Misha Popovikj
http://slobodensoftver.org.mk
-------------- next part --------------
A non-text attachment was scrubbed...
Name: npss.odt
Type: application/vnd.oasis.opendocument.text
Size: 155044 bytes
Desc: not available
URL: <http://lists.softver.org.mk/pipermail/npss/attachments/20110405/96ca0085/attachment-0001.odt>
-------------- next part --------------
A non-text attachment was scrubbed...
Name: npss.pdf
Type: application/pdf
Size: 215474 bytes
Desc: not available
URL: <http://lists.softver.org.mk/pipermail/npss/attachments/20110405/96ca0085/attachment-0001.pdf>


More information about the Npss mailing list