[LUG] kurci palci, VAZHNO

Georgi Stanojevski glisha at bagra.net.mk
Fri Nov 29 14:09:05 UTC 2002


----
Во регистарот на здруженија на граѓани и фондации под Рег.Бр. 1436 се
запишува здружението на граѓани Слободен Софтвер Македонија со седиште во
Скопје на ул. Кукушка бр. 15

Здружението на граѓани стекнува својство на правно лице и може да започне
со работа од 28.11.2002 год.
----

Ај аирлија.


1. Стојмир, пред да си одиш дома на пауза или скришно помини од Управа за
јавни приходи(во истата зграда ли е?)  и прашај што треба да се 
добие Даночен Број, во понеделник да го напраиме тоа!

2. Aјде да видиме со пристапници што ќе правиме за да може да објавиме
идната недела да седиме ние кај компјутерот ден-два (сабота недела) и сите
заинтересирани да дојдат да им нарежеме линукс и кој сака да потпише
пристапница и плати членарина.
 Објавувањето според мене ќе иде на web, огласни табли на
 факултетите, средните кај што има студенти...тоа за идната сабота,недела а
 инаку 
 - Игор знам има нешто напишано за ПЦИнфо, ама во делот за линукс да
   ставите ако може едно коцкичка дека Организацијата Слободен Софтвер
   Македонија е регистрирана и дека сите заинтересирани за нејзините
   активности да се приклучат на мејлинг листата (со точна адреса до нејзе)
 - Снајпер или Ивс истото ако може во Плагин следниот број
 - Данко, Златко во Студентски Збор.
 - А ако некој пише така текст сублимиран за што и како сакаме да
   правиме+со начинот на контакт па да го пратиме на Утрински Весник 
   знам они во среда имаат една страна  со ХајТек вести и пишувале за 
   Линукс...па може и ова да го пуштат ваљда.

 - А било кој нека направи еден А4 лист со истите информации ама и со
   логота да биде впечатливо за на огласните табли идната недела да 
   се залепи на факултетите.

3. Игор или некој што има клуч од просторијата со комјутерот, оваа
сабота да речеме 13:00 може да биде таму? 
Со Златко зборевме да го инсталираме компјутерот а и да дојдеме 
сите што може повеќе. 
Немора стрикно во еден но до пет-шест за да се договориме за огласите,
пристапни
ците, web страна, мејл сервер...

п.с. И да објасни каде е тоа таму во бараките кај ЛДП. :)

-- 
Glisha
_______________________________________________
LUG mailing list
LUG at lists.linux.net.mk
http://lists.linux.net.mk/mailman/listinfo/lug



More information about the Ossm-members mailing list