Makedonska distribucija
strumjan
strumjan at mol.net.mk
Fri Aug 15 04:52:16 UTC 2003
1. Не знам оти мора името да содржи ?ux. Има еден куп дистрибуции со
описни имиња.
И најважно, дистрибуцијата е наменета за развој на македонскиот
човек а не за продавање на странски пазар (дај Боже и до тоа да дојде)
па затоа треба да биде и името на кирилица, со можност за убавозвучност
и на некој друг јазик
2. Покрај КДЕ, оти не и ГНОМ, па и ЦрнаКутија (стил Twice оти е црвено и
црно и на него кирилицата си работи)
3. Audacity го предложив оти си е преведен (како така) на македонски и
така си оди во официјалната верзија
4. Јас не видов предлози туку само гласање за имињата што ги предложи
Стојмир. Дај не му вадете ифтирии на човекот не е он диктатор, имате
право и вие да предлагате имиња.
5. Варијации на тема кодно име за првата македонска Линукс (неелектро)
дистрибуција:
Каран (првиот познат македонски цар) (Александар и Филип не ги
предлагам оти се веќе преексплоатирани)
Ѕевс (врховен старомакедонски бог) (Ѕе вс(е) = гледа се)
Перун (врховен старословенски бог)
Бистра (оти асоцира на чиста дистрибуција, чиста идеја без зли
намери, итн.)
Исар (во чест на авторот значи: Иван Стојмиров Активна Револуција),
може и некоја друга асоцијација за А и Р,
може и некое име составено од кирилични букви кои се исти со
латиничните па така имаме едно читање на кирилица, а друго на латиница и
поарно место во веб-пребарувачките машини. Буквите се (A B C E H J K M O
P S T ) анаграмирајте!
( ЅЕВС, СЕНКА, МАК(А)ВЕЈ, можеби најсоодветно ТЕМА со исто значење
на двата јазика (најдете и друго некое такво име)
ТЕМА (tema како кратенка од ТЕ МАкедонски, Треба Еволуција на
Македонскиот Ајвар (не е шега), Тоа Е МАкедонија, и сл.
_______________________________________________
LUG mailing list
LUG at lists.linux.net.mk
http://lists.linux.net.mk/mailman/listinfo/lug
More information about the Ossm-members
mailing list