[Ossm-members] Re: dugminja od tastatura so funkcija
Georgi
Georgi
Wed Nov 5 20:51:16 UTC 2003
дамјан г напиша:
>> Со xev ми дава како тоа долу.
>> Но, во "Тастатурни кратенки" во КДЕ кога ќе ги стиснам за да ги
>> доделам на некоја акција не реагира.
>>
> http://ozzzy.dyndns.org/mandrake/extrakeys.html
По кој пат веќе - Фала, да си здрав и жив.
Добро линкот не работи, ама ми помогна во Гугл да знам што да барам -
"extrakeys". :)
А ако на некој некогаш му треба. :)
1. Прво со xev гледам кој keycode го генерира вишак копчето.
Во мојов случај 222.
2. Правам фајл ~/.Xmodmap(*) со содржина
keycode 222 = F13
Кде-то не ми реагирало кога ќе го стиснам затоа што не генерирал
симбол. Сега генерира F13 и е во ред.
Може да се земе било кој валиден.
Во /usr/X11R6/include/X11/keysymdef.h ги дефинира ама пошто има до
F22 не верувам дека ќе му треба на некој да бара други имиња.
Незнам зашто не ми го чита ~/.Xmodmap при пуштање на Х-от ама
во ~/.xinitrc ако ставам xmodmap .Xmodmap го вчитува.
3. Сега кде-то ми реагира за да во КонтролЦентар наместам кратенки.
Ако сакате да биде независно од менаџерот или да стартува било каква
команда најдов нешто ама не ги пробав.
http://freshmeat.net/projects/xbindkeys/
http://jerukey.sourceforge.net/
http://lineak.sourceforge.net/
4. Toa e тоа.
--
Glisha
The perfect OS, MS-DOS!
No patches, no root exploits for 21 years.
More information about the Ossm-members
mailing list