[Ossm-members] Македонски ака унтинг софтвер
Viktor Vojnovski
sparks at on.net.mk
Wed Dec 22 14:34:30 UTC 2004
Nikola Vanevski se proiznese na 22.12.2004 06:46:
> Материјално работење е : магацини со сите салтанати (прием, излез,
> пренос, реверс, продажба големо/мало), основни средства со локации,
> задолжување/раздолжување, амортизации и ревалоризации, ситен инвентар
> Финансиско : главна книга, фактури, увоз/извоз, плати (евентуало со
> кадрово работење), алокација на трошоци..Веројатно имам нешто и
> пропуштено.
Треба да се седне со некој што знае како функционираат процесите и да се
документира ова.
> Што е сега побитно во ситуацијата :да е групвер или да е акаунтинг?
Што е толку различно во концептиве па да неможе да се комбинираат?
Комбинирањето ќе ти даде една феноменална платформа за компјутерска
работа на една мала/средна фирма. Да немора батето да пушта Оутлук
ексрепсс за контактите, мејловите и календарот, да не мора да прави
шерови за делење фајлови, да не мора да отвора еxcel за да ги искуца
новите фактури што му стигнале денеска па да види колку е дужен или пак
да ги евидентира новите гуртни што ги увезол од туркменистан. Она што би
било идеално е да се најде некоја ОпенСорс групвер платформа, и да се
имплементира ова одозгора. Од мое искуство, дизајнот и развојот на
фрејмворкот е мин 70 посто од работата во еден ваков проект. Проблемот е
што незнам дали има (egroupware, phpgroupware) java based решение оти ја
и пхп сме ко магаре и турбофолк.
> Колку што ми е мене познато, вакво комбинирано решение кај нас не
> постои ни комерцијално (а камоли слободно!) И колку е битно да се
Најверојатно и нема да има во догледно време.
> работи за ВЕБ (ова значајно менува концепции!)
А зошто? Би било убаво и од модулот/веб апп-от да се нудат SOAP access
point-и што ќе овозможи негово користење со станд-алоне апликации..
--
Viktor [sparks et on tochka net tochka mk]
"Daj bidi originalen:)" - Oli
More information about the Ossm-members
mailing list