[Ossm-members] Mozilla prevod-zabeleski
Новица Наков
novica at bagra.org
Thu Feb 12 07:26:31 UTC 2004
Noveski Oliver напиша:
> -Во Македонскиот јазик не постои зборот Подеси. Ако веќе се бара друг збор
> различен од прилагоди за сет подобро да стои - Постави
Ова го провери во речник или?
> -Сепак во Firebird не се употребува зборот атачмент
Но се употребува во thunderbird. Кога ќе ми текне некоја добра замена тој
збор ќе биде различно преведен т.е. сменет.
> -Исто и зборот таб не е Македонски и јасен е само за оние што знаат
> англиски. Сите се согласија дека подобро е да стои како јазиче.
Кој рече дека се гласа овде? Зборот tab е доволно јасен. Го имаш и на
тастатура. Сите што користат компјутери го имаат видено. Тие што не знаат
ќе научат. Кога може font да биде фонт, и tab ќе биде таб.
И пред да скокнете, знам дека tab во англискиот јазик значи „јазик“ (на
кондура), и значи и дел од униформа кај што се ставаат чиновите и некои
други работи. Но tab е и скратено од tabulator (нешто што има врска со
колони). Па мене логично ми е некако да tab е искористен со второво значење
и затоа tab може да биде таб. Може некој да провери со кое значење е
искористен?
Конечно look at the big picture. Како ќе се преведе tabbed browsing. Сега е
сурфање со (помош на) табови. Ќе биде ли Сурфање со (помош на) на јазичиња?
Дај бидете озбилни.
> -Внеси/Изнеси мислам дека е поразбириливо иако и двата термина се
> македонски.На пример подобро звучи Внеси Пошта отколку Увези пошта.
Увоз и извоз се македонски и се превод на import и export. Енд оф стори.
И кога веќе се прави муабет за преводите. Би сакал да ја одржиме дискусијава
на поправање печатни грешки и (не толку) очигледни правописни грешки.
Работите како плагин и јас ги знам, работите како пре(в)земање не ги знам,
но кога некој ќе ми каже како е во речник го поправам. Дискусијата за тоа
како некои специфични компјутерски термини ќе се преведат нема да ја
водиме. Во нашиот јазик на крајот на краиштата мора да влезат нови зборови.
--
Новица
"It is the mark of an educated mind to be able to entertain a thought
without accepting it." - Aristotle
More information about the Ossm-members
mailing list