Re: [Ossm-members] МаЛинКо

Ѓоре Захарчев aristotel at mt.net.mk
Thu Oct 14 12:35:15 UTC 2004


Златко Трајчески напиша,

> Името „МаЛинКо“ не е баш најсреќно одбрано
Името си е добро не му фали ништо.

> имиња кои ми текнуваат се „оссмКон“ или „оссмФЕСТ“.
Подобро не.

> Малинко би бил случување во форма на предавања и по можност работилница
> од областа на слободниот софтвер. Би се одржало 1 или 2 дена некоj од
> викендите 11-12 или 18-19 декември. Би се состоел од 5-6 (па и повеќе)
> предавања на ден и би се одржал по можност во амфитеатарот на ЕТФ или во
> салата на градско собрание.
ЕТФ повеќе одговара доколку се согласат.

> Присуството би било слободно и бесплатно.
Не би било лошо да се поканат гости (лица кои се занимаваат со софтвер),
како на пример:
- Професори на Електро технички факултет, Машински факултет, Катедра за
информатика при ПМФ, Претставници од соодветно министерство во Владата,
независни информатичари, професори од средни училишта (најдобро од
гимназии), и сл. со цел да се запознаат со ОС софтвер.

> Предавањата би биле (листата е идејна):
Листата е добра но би можеле да се додадат некои работи сега не ми текнува
што.

> - ... било што друго од било кој предавач кој би бил заинтересиран да
> сподели некое свое знаење со другите.
Се согласувам.

> За манифестацијата би ни биле потребни:
Најдобро е да се формира посебна Мејлинг листа на која ќе се водат
разговорите, и при тоа да се формираат соодветни работни групи како на
пример:
- Група за изнаоѓање спонзори;
- група за организирање на манифестацијата и сл.
Не е лошо да се изработи и Интернет страница.

> Пријавете се доколку сакате да помогнете во некоја од горниве работи.
> Па, пишете што мислете и каде можете да се вклучите.
Еве јас прв се пријавувам, доколку сум ви потребен мојата e-mail адреса ја
знаете, па контактирајте ме.


Ѓоре.










More information about the Ossm-members mailing list