[Ossm-members] Известување за ubuntu.shipit

Novica Nakov novica at bagra.org
Sat Dec 10 17:52:16 UTC 2005


Ова известување доаѓа како резулат на скорашни настани со една пратка за 
Гостивар која е задржана заради тоа што вкупно се 300 дискови. Вака:

Според македонските закони, поголеми количини од било која стока не можат да 
бидат внесени од никое било кое физичко лице. Поголеми количини во случајот 
со Убунту, не знаеме што точно значи. Јас добив пратка од 25 диска (ако некој 
без проблеми на врата добил повеќе, може да ни каже). 

Во случај да добиете известување дека вашата пратка е задржана заради царинење 
и сл. т.е. ја оцениле како голема за физичко лице (муабетот е значи што ќе им 
прави човек на 50 дискови?), тоа значи дека ќе мора да набавите фактура од 
убунту која ќе кажува дека дисковите навистина имаат никаква или минимална 
цена (пр. 0,25 евра по диск), потоа да најдете фирма (или друго правно лице) 
која ќе го изврши увозот и шпедитер кој ќе ја сработи целата постапка. 

Јас размислувам да им пишам на Убунту кога ќе видат голема нарачка од 
Македонија, да му кажат на нарачателот да контактира овде со нас, за да му ги 
објасниме можните проблеми пред да ја направи нарачката. 

Совет за добивање поголема количина дискови: договорете се со пријателите. 
Наместо еден 100 да нарача, четворица нека нарачаат по 25.



-- 
Новица Наков
Слободен софтвер Македонија
http://www.slobodensoftver.org.mk



More information about the Ossm-members mailing list