[Ossm-members] GNU/Linux punchline?
Дамјан
penguinista at mail.net.mk
Tue Jan 4 17:17:09 UTC 2005
> Сте размислиле некогаш што да му одговорите на некој човек кога ќе ве праша
> зошто да инсталира GNU/Linux, или било кој друг софтвер?
да, сме размислувале ...
> Ама да му дадете обичен, лесен одговор, а не дефиниција од ФСФ.
... ама нема лесен одговор. Прашањето во суштина е филозофско (или
општествено), прашање за напредокот на човековата цивилизација. Софтверот е
само мал дел од тој puzzle (напредок, цивилизација итн.) и не знаеме колку е
битен сам по себе (веројатно не многу), но тоа е делот кој ние го разбираме
прилично добро и тоа е делот во кој можеме да имаме некаков удел.
Прашањето е :
кој [ќе] ја контролира технологијата, која барем во еден дел е поврзана со
напредокот на цивилизацијата - or so they say,
кој [ќе] може, т.е. смее, т.е. знае, т.е. на кого ќе му биде дозволено да
учествува во развојот на таа технологија.
Дали треба да оставиме развојот да зависи од корпорации(*) - кои никогаш нема
да направат нешто што не им е од нивни личен интерес, без разлика на
пошироките општествени импликации на тоа што можат да го направат?
Дали имаме право да знаеме што прави нашата технологија? и зошто го прави тоа?
Дали сакаме технологијата да ги решава проблемите на луѓето или само оние
проблеми претходно предвидени од некого?
Е сега, that beeing said, секогаш можеш да потенцираш некои технички или
естетски предности на GNU/Linux, кои можеби се полесно мерливи, но морам да
кажам дека сите практични предности на GNU/Linux со кои сум се соочил
(воодушевил) во минативе години, испаднало дека се директна последица на
слободноста на софтверот... и тоа се ситници за да ги спомнувам (или да се
сеќавам) поединечно, но тие се кои мене ме променија од
еј-интересна-работа-ова-Linux во слободен-софтвер-фанатик :)
(*) не значи дека имам нешто против постоењето на корпорации (тоа е сосем
друго прашање), спомнувањето на „корпорации“ во горниот контекст е бидејќи
денеска, меѓу нив се најголемиот број на ограничувачи на слободата, и тие во
најголема мера можат да го прават тоа.
p.s.
кога сме на темата, еве и едно одлично интервју со Richard Stallman:
http://kerneltrap.org/node/4484
--
дамјан
"One world, one web, one program" -- Microsoft promotional ad
"Ein Volk, ein Reich, ein Fuehrer" -- Adolf Hitler
More information about the Ossm-members
mailing list