[Ossm-members] GTK2 и тастатура
Дамјан
penguinista at mail.net.mk
Thu Mar 17 17:29:35 UTC 2005
хех, многу ме нервира што во GTK2 апликации не работи шемата Compose, па „`“
па „и“ дава ѝ. Но видиш имало друга опција CTRL+SHIFT+ 45D и ете го ѝ.
Цифрите може да се искуцаат било каде.
Финтата работи и кога тастатурата е во кириличен режим и во латиничен.
Значи:
- 45D е мало и со цртичка (ѝ)
- 450 е мало е со цртичка (ѐ)
- 40D е големо И со цртичка (Ѝ)
- 400 е големо Е со цртичка (Ѐ)
Ова го пробав co xchat и во firefox (и во form и во UI-то) така да би рекол
дека работи сегде.
Сепак стандардниот Xcompose систем ми е поедноставен и не ми е јасно зашто не
функционира во GTK2 (во QT и во други X апликации работи).
BTW
Во Xorg-6.8.2 би требало да има мал update на македонската тастатура така што
копчето кај што е „`“ (одма лево од 1, над TAB) сега во кириличен режим е
dead_grave. Тоа значи „`“ + „и“ одма дава ѝ, итн. За да се добие баш знакот
„`“ копчето се стиска два пати (dead_grave + dead_grave -> `).
Ако ова не ви се свиѓа одберете ја варијантата nodeadkeys, таму копчето ` си
има нормална функција. (setxkbmap -variant ,nodeadkeys).
BTW2 - [некои корисни опции со Compose]
прво, setxkbmap -option compose:rwin го подесува десното „win“ копче да биде
compose.
Compose + E + = дава €
Compose + L + = дава ₤
Compose + P + t дава ₧
Compose + Y + = дава ¥
Compose + ^ + u дава û
Compose + - + D дава Đ
Compose + > + > дава »
Compose + o + o дава °
Compose + 1 + 4 дава ¼
итн.
сите опции може да се видат овде
/usr/X11R6/lib/X11/locale/en_US.UTF-8/Compose (ова важи за UTF-8 локалињата)
или пак може да си направите своја верзија ако го направите фајлот
$HOME/.XCompose
--
дамјан
I believe the technical term is "Oops!"
More information about the Ossm-members
mailing list