[Ossm-members] Краток извештај
Aleksandar Balalovski
aleksandar.balalovski at gmail.com
Mon Jan 30 01:50:04 UTC 2006
Еве од официјалната страна на Лугола, ви испраќам краток извештај за
последните активности на групата:
--
Вчера, 29.01.2006г, на состанокот на групата беа разгледани повеќе точки, по
што беа донесени одредени заклучоци.
За лого на групата официјално е прифатено тоа пингвинчето што го гледате горе
на странава (со капче и бастунче), изработено од член на групата (Јован
Наумовски) од кое има 4 верзии,2 големи, 2 мали од кои 2 се во боја и 2 само
контури во зависност од потребите на групата. Логото ќе го ставиме во посебна
категорија за преглед на странава.
Покрај дискусијата за логото, беше прифатена и идејата за, условно кажано,
матичен администратор. Тоа е член на групата со поголема пристапност преку
Интернет, е-пошта или телефон, кој со негова согласност прифаќа одредена
група на членови, на кои ќе им помага и води при инсталирањето,
конфигурирањето и користењето на слободниот софтвер воопшто. Досега задачи и
обврски прифатија 6 членови, чии контакти ќе бидат објавени деновиве. Идејата
за ова е да се поделат должностите што еден член ги има помагајќи им на
повеќе членови во исто време.
Покрај се, беа поделени 20тина Кубунту оригинални дискови, пратени од Jonathan
Riddell, дел од развојниот тим на KDE, со кој стапивме во контакт и без
никаква дискусија се сложи да не охрабри во нашите намери, испраќајќи ни 80
Кубунту оригинални дискови. Голема благодарност до него!
За крај..Голема благодарност до сите кои денеска донираа средства за групата.
Целите на нашето делување ќе се остварат само доколку се взаемно-помагаме, а
тоа Лугола и нејзините членови деновиве ја покажаа желбата да помогнат при
афирмирањето и пропагирањето на слободниот софтвер во нашиот град и земја.
--
Донирањето на средства мора да кажам дека оди како што се надевавме, најдобро
што може, сите се сложни и донираат колку што можат, им испраќам огромна
благодарност на сите членови кои донираа или доаѓаат на состаноците, со што
ќе сме поуспешни и мора да потенцирам дека местото за состаноци станува
премало за да не собери сите... :)
Ќе најдиме поголемо место во секој случај за скоро...
Поздрав,
Александар
More information about the Ossm-members
mailing list