[Ossm-members] Филм

Ilin Petkovski krack at linux.net.mk
Mon Nov 6 13:48:31 UTC 2006


Вчера се сретнав со еден дечко кој веќе подолго се занимава со правење
аматерски филмови. Зборевме нешто и за слободниот софтвер кај нас и
ми(ни) предложи ако сакаме да снимаме кратко информативно филмче за
слободниот софтвер кај нас, историја за организацијата, идни планови бла
бла... знате на што мислам. Треба да дадеме пари само за опремата и
дечките што ќе снимаат да имаат за јадење :). Од муабетот вчера, разбрав
дека сумата која треба да ја собереме за да имаме готов филм е минимум
250 евра. Значи, ние само се снимаме и толку. Продукција,
постпродукција, средување кадри итн. останува на нив. 
Може да се уфрлат и некои клипови од постари маратони, иднава
конференција што се планира итн.
Иако за нас 250 евра и не се малку пари, мислам дека ако се обидеме да
ги собереме дали преку спонзорства или по 200 ден сите дадеме, ќе вроди
со плод филмчето што ќе биде снимено.

Размислете и поздрав.




More information about the Ossm-members mailing list