[Ossm-members] Средба

Арангел Ангов ufo at linux.net.mk
Thu Oct 5 19:48:07 UTC 2006


На средбата во Пјаца дојдоа 10тина луѓе и се разговараше за следниве
работи:

- креирање на LUG (група на корисници од Скопје)
- организирање на настан (конференција или како сакате)

За првово немаше баш некој посебен интерес од страна на присутните иако
јас лично сметам дека е добра идеја да се започне таква група. 

За второто се договоривме Золтан да праша на ЕТФ а Милош на ПМФ и за
недела дена да реферираат на какво расположение наишле на факултетите.
Ако знаеме дека ќе ни дадат простор ќе се собереме пак за подетално да
се договориме околу настанот. Моментално имаме поддршка од Инет кои што
се RedHat партнер а се надевам дека ако настапиме убаво и Неоком ќе
бидат заинтересирани за учество на некој ваков настан.

Тоа е тоа накратко, ќе видиме што ќе се случи. Ако и кога се знае нешто
ќе пишеме каков е планот, колку луѓе за што требаат итн итн.
-- 
Арангел Ангов
Слободен софтвер Македонија
http://www.slobodensoftver.org.mk
info at slobodensoftver.org.mk




More information about the Ossm-members mailing list