[Ossm-members] Јазичните проблеми

Jovan Kostovski chombium at gmail.com
Fri Feb 2 15:36:56 UTC 2007


On 2/1/07, Зоран Димовски <zoki.dimovski at gmail.com> wrote:
> Како трето, доста веќе со преземање на зборови од страна. Ако веќе нема
> постоечки македонски збор за одреден превод, тогаш треба да се
> потрудиме да создадеме таков а не само „ајде бе брат ќе мислеш шо >значи, дај удри една транслитерација и терај". ГЛУПОСТИ.

Е да, во право си. Затоа и пишав во плановите за работа на ОССМ во 2007 да
се потрудиме да направиме некоја конференција за унификацика на некои
поими од ИКТ и почнување собирање на зборови за македонски речник за
компјутерски термини (штета што викито на Лугола не работи па неможам
да пишам врска). Во националната стратегија за ИКТ има ваков проект за
создавање на мк речник на компјутерски изрази, носител на проектот е
Метаморфозис, а како една од вклучените организации во проектот е и
нашава, ОССМ. До кај е овој проект незнам. Последен пат кога пишав на
листава, Новица и Дамјан пуштија врска за веб-портал на кој се
предлагаат и гласаат термините дали ќе бидат прифатени, но тој не
работи (нема зборови).


> Што се однесува до лекторирање и слично, јас знам дека САМО Боби има
> направено такви обиди и НИКОЈ друг. Значи една личност. Што е тоа?

Пак си во право, ама треба да знаеш дека и да преведуваме и да
лекторираме не можеме. Значи ни требаат луѓе од страна што ќе ги
прегледуваат преводите.
Ај да појдеме до Филолошки факултет до катедрите за преведување,
лекторирање и македонски јазик (или како и да се викаат) и да
договориме соработка. Студентите како семинарски работи или работа на
проекти да ги лекторираат нашите преводи. Ќе има проблеми со стучните
термни, ама затоа сме ние тука. Размислете на оваа тема.

ПОЗДРАВ, Чомбе


More information about the Ossm-members mailing list