[Ossm-members] spodeli

Biljana Kochoska biljana.kochoska at gmail.com
Tue Jul 3 11:11:40 UTC 2007


Misa Popovik wrote:
> Пред неколку дена го регистрирав spodeli.org домејнот за чадор иницијатива на
> 2с.мк која ќе се занимава пред се со слободна култура.

Имавме дискусија за ова претходно нели? Не би сакала пак да се
повторувам, само ќе кажам дека ова ти е скрос утната работа. Наместо
да се работи на зголемување на awareness-от за брендот „сподели
знаење" кој е стигнат до некаде, па врз негова основа да се проширува
идејата со постепено практицирање на слободната култура, ти одиш на
беспотребно расплинување.

Се гледа дека доста површно си информиран за маркетинг стратегии, а се
обидуваш да водиш една. Претходно пробав да ти објаснам некои основни
работи, но ти беше доста неприемчив и тврдоглав, па за да си докажеш
дека си во право истрча па дури и домејн регистрира .

Ова сега ти доаѓа како mac понесени од успехот на ipod, и неговото
братче iphone да им текне да градат нов непотребен апстракт i кој би
ги обединил нив и сите следни производи со i напред и да си
регистрираат домејн i.org.

Мислев дека овде работата не е за тоа кој е во право туку за заедничко
добро, но по се изгледа се излагав.
Како и да е, јас дефинитивно тука на сите ви кажувам дека се откажувам
од натамошни залудни објаснувања и дебатирања на листава, зашто и
онака мојот глас не вреди без разлика на искуството и сознанијата
поврзани со одредени прашања. Плус веќе ја филтерирав листата така да
вашите мејлови ми го прескокнуваат инбоксот.

И уште нешто за крај:
>Дамјан Георгиевски  wrote:
  > Мене поише ми се свиѓаат напишани како wiki words
  >СподелиКино  на пр.

СподелиКино споено нема естетика ради карактеристичната типографија на
кириличните букви, а нема ни некоја хакерска финта.

Поздрав

-- 
Bi


More information about the Ossm-members mailing list