[Ossm-members] текст за медиуми

Ilija Kocho ilijak at siva.com.mk
Fri Oct 3 07:46:53 UTC 2008


Мали јазични препораки:

- створање/стварање: не постои во мк, вистинскот збор е „творење“
- колаборативно: би можело да остане но да се разгледа „соработничко,
здружено“
- гикови: е ок, би можело да се разгледа (како +) и „хакери“

Со почит
Илија

Biljana Kochoska wrote:
> *Чекам одобрување, или коментари, па ако чини да го пуштам*
>
>
> Ден на слободен софтвер Македонија 2008 - Споделување и дружење меѓу
> гиковите и уметниците.
>
> Ве известуваме дека оваа година заедницата на слободен софтвер во
> Македонија го прославува денот на софтверската слобода на 4-ти
> Октомври - сабота, на плоштадот Македонија и во културниот центар
> Точка.  Овој пат, за да им ја приближиме на луѓето идејата за
> слободата во значењето на слободниот софтвер, решивме да невлеземе и
> во пределите на развивањето на слобоната култура и општество.
>
> За таа цел во нашата прослава внесовме три аспекти:
> - Споделување на знаење поврзано со слободното стварање на добра, како
> што е слободниот софтвер - од 12 часот во Културниот центар Точка
> луѓето од заедницата слободно ќе разменуваат знаења со сите
> заинтересирани посетители.
> - Створање на заедничко уметничко дело - од 14 часот неколку урбани
> уметници ќе сликаат графити на 10 метарско платно на плоштадот
> Македонија. Колаборативното креирање на уметничко дело е само еден
> аспект од прикажување на суштината на слободната култура.
> - Споделување слободен софтвер - од 12 во Точка, а од 14 и на плоштад,
> на заинтересираните минувачи ќе им подарување оперативен систем Ubuntu
> SFD08 на македонски, подготвен колаборативно и специјално за денот на
> слободен софтвер. Тој ги вклучува сите дополнителни алатки за нормално
> функционирање на еден домашен компјутер, слободни програми кои можат
> да се користат и на други оперативни системи, галерии од уметниците
> кои ќе сликаат графити и бонус два дела од филмот „Укради го овој
> филм".
>
> Една од пораките, кои заедницата сака да ги испрати на овој ден, е
> повикот до владата повеќе да се активира во остварувањето на проектот
> „компјутер за секое дете", кој беше со воодушевување забележан од
> светската јавност, со тоа што ќе овозможи соодветна обука на
> професорите по училиштата за владеење на генијалниот оперативен систем
> направен само за учење - Edubuntu. Би било голема штета овој проект да
> пропадне, пред сѐ поради неговато значење во градењето на еден здрав
> школски ситем во здраво слободно општество.
>
>
> Ве покануваме да дојдете и да се придружите на нашата прослава на
> софтверската слобода, залагајќи се за слобода, соработка, еднаквост и
> заеднички развој.
>
>   



More information about the Ossm-members mailing list