[2s.mk-friends] Хаклаб/Проекти
Александар Лазаров
aleksandar.lazarov at kolenehtenin.edu.mk
Wed Jun 23 20:20:24 UTC 2010
BUMP.
Петоков и саботава ќе сум во СК па со Дамјан се договоривме да почнеме
да реализираме нешто од проектите.
Таргет ќе се :
- Arduino EPROM програмерот (доколку е успешно изработен може директно
да се проба gPXE проектот) и
- X300 на Убутну 10.04
Истотака саботата може да презентирам/споделувам/кажувам/зборам (w/e) за
електроника, аналогна + дигитална (вовед во овие двете) па можеби ќе
биде некој заинтересиран и за тоа.
Скоро сите делови за проектите се набавени (Дамјан зеде CD4040-ски и
LM317?) освен ултра-виолетова ламба за да може да ги бришеме EPROM-ите.
Истотака ќе носам со мене 2-3 EEPROM (Electronically Erasable
Programmable Read Only Memory) така да ако немам УВ ламба ќе може да го
модификуваме програмаерот (промената се работи во една жица само и
мислам дека го немаме тој чуден напон од 13.5V за програмирање на
EEPROM-овите туку се фураат на стабилни 5 волти). Опрема (лемалица,
вакум пумпа, калај, унимер и остало) ќе носам јас, заедно со 15тина UV
EPROM-и.
Мислам дека некој се нафати да биде дел од овој проект, па би било добро
да намине :). Договорено е да се почне да се реализира во петок (5, 6, 7
часот?) и да се продолжи утредента на СподелиЗнаење за да се има време и
за вториот проект (X300 на Убунту 10.04) кој мислам дека заглави при
стартање на Убунту 10.04 кернелот со стар initrd и стар udev.
Пои пои ~
More information about the Ossm-members
mailing list