[2s.mk-friends] Мислење за Националната политика за слободен софтвер од заедницата
Igor Stamatovski
igor.stamatovski at gmail.com
Wed Oct 6 21:11:09 UTC 2010
Во јуни 2010 години сѐ отпочна со реализација
проектот „Национална политика за слободен софтвер“, за оние кои се
помалку запознаени
со активностите, постои поштенска листа
(http://lists.softver.org.mk/listinfo/npss) и блог
(http://npss.slobodensoftver.org.mk/).
Проектор се се имплементира од страна на 2с.мк, Метаморфозис ги
обезбедија финансиските средства и проектната рамка, а МИО
ја обезбедува иституционална поддршка на проектот.
Драфтер на стратегијата е Новица Наков, Миша Поповиќ ќе биде
логистичка поддршка, останатите членови на работната група ги има
излистно
на блогот на проектот. Јас учествувам како официјален претставник на
2с.мк во работната група.
Идејата ми беше, ставовите и мислењата на членовите на заедницата
искажани во овој тред и на оваа јавна листа
да влезат како предговор на самата политика, сите ние овде сме
причината за популаризацијата, локализацијата
и употребата на слободен софтвер во Македонија.
Се отпочна далечната 2002 година, со неофицијални средби, па листава,
па 2с.мк, па понатаму, логично е
ставовите, мислењата и потребита на заедницата на слободен софтвер да
влезат во една т.н. национална политика за слободен софтвер.
Она што мене ме интересира како официјален претставник на 2с.мк е што
има за ова да каже заедницата или нејзините истакнати
членови?
1. Дали ни е потребна национална политика за слободен софтвер?
2. Ако ни е потребна, тогаш зошто?
3. Ако не ни е потребна, тогаш повторно зошто не ни е потребна?
4. Што треба таа политика да вклучи?
5. Што мисли заедницата дека треба да има во таа политика?
6. Како политиката би била корисна за нашата заедница на слободен софтвер и
целиот еко систем на корисници, локализатори и развивачи на софтверот?
7. Како политиката би била корисна за општеството, образованието и бизнисот?
Поздрав,
--
Igor
More information about the Ossm-members
mailing list