[2s.mk-friends] КИКА: просторија

Bojan Ilievski drakuwa at gmail.com
Thu Oct 13 13:24:53 UTC 2011


Значи бев да го видам просторот кај зелено пазарче и вака стојат работите:

- Просторот е дел од еден голем стан од 90 квадрати поделен на два
дела, значи вкупно со ходници и слично, би имале 45 квадрати. Станот е
на прв кат и во зградата се влегува со клуч или домофон (има домофон и
во двата дела). Први комшии, односно другиот дел од станот е
психијатриска консултантска канцеларија, или нешто психијатриско, така
разбрав, и се таму понеделник и среда од 13:00 до 20:00.

- Киријата е 170 евра месечно + сметки за парно, струја и вода.
Парното не може да се исклучи, поради тоа што треба да го делиме со
комшиите со кои што впрочем ги делиме сите сметки. Парното е фиксно -
5500 месечно, на 12 месеци, 2250 за нас, плус вода 200, струја
600-700, што вкупно би било около 3000 до 3500 месечно.

- Во станот има 2 празни простории од околу 15тина квадрати, од кои
што во едната има преградено кујниче (кујничето не спаѓа во тие 15тина
квадрати и е околу 2 квадрати) и плус купатило, нормално, од околу 2-3
квадрати. Во едната просторија има полу-вграден регал и плус има
шкафови во ходникот. Од ходникот на зградата, прво се влага во едно
претсобје од 1 квадрат, од кое што лево е просторот што се издава, а
право е психијатриската канцеларија.

- Газдите на просторот нагласија дека треба да се почитува куќниот ред
на зградата, што би значело без галами и слично, инаку нема проблем за
седење до покасно. За временски период за изнајмување, беа
заинтересирани за подолги периоди, но не би било проблем и за, на
пример 3 до 6 месеци, или барем беа неодлучни по тоа прашање.

- Сликав колку што можев и од следната локација може да ги превземете
и сликите http://drakuwa.admin.mk/sliki.zip. На крај, жената од
агенцијата (агенција Спој, колку што
разбрав и жената Слободанка се вика) кажа да и се јавиме да и кажеме
дали го земаме просторот или не, за да би можела да побара и други
понуди ако може.

Тоа би било тоа.
Поздрав

2011/10/13 Blagoj Kapsarov <kapsarovb at gmail.com>:
> Може, може.. доле пред последниот пролаз од страната на Градежен 16:30 се
> гледаме и ќе свртиме едно крукче горе :)
>
> Се гледаме
>
> _______________________________________________
> Ossm-members mailing list
> Ossm-members at lists.softver.org.mk
> http://lists.softver.org.mk/mailman/listinfo/ossm-members
>
>


More information about the Ossm-members mailing list