[2s.mk-friends] Повик: „Иноватори кои делуваат за промена“
novica
novica at on.net.mk
Wed Feb 27 17:07:11 UTC 2013
*За млади луѓе + поврзано со технологија. Личи како нешто што би било
интерсно за листава.
*
*Повик за пријавување на локална работилница „ЈутЛИНК: Поврзување на
иноватори кои делуваат за промена“*
Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“ – Македонија,
заедно со „Интерњуз“–Босна и Херцеговина (Internews, BiH) и партнерите
од регионот, односно Младинската иницијатива за човекови права-Босна и
Херцеговина (YIHR BIH), Младинската иницијатива за човекови
права-Хрватска, Младинската иницијатива за човекови права–Косово,
Младинската иницијатива за човекови права–Црна Гора и Младинската
иницијатива за човекови права–Србија, го спроведува проектот „ЈутЛИНК:
Поврзување на иноватори кои делуваат за промена“ (YouthLINC: Linking
Innovators who Network for Change).
Фокусирајќи се на нетолеранцијата и дискриминацијата како едни од
најголемите предизвици за стабилноста и мирот на Балканот, проектот
поврзува млади луѓе од шест земји во регионот – Босна и Херцеговина,
Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија – овозможувајќи им,
притоа, да создадат нови он-лајн социјални платформи и основа за оф-лајн
соработка на локално ниво.
Те охрабруваме да се пријавиш доколку си:
·На возраст од 18 до 24 години
·Заинтересиран/а за локално дејствување
·Подготвен/а да направиш социјална промена
·Запознаен/а со употребата на новите социјални медиуми
Сè што треба да направиш е да ја потполниш анкетата
<https://docs.google.com/spreadsheet/viewform?formkey=dER5ZFpBcHFabDZUMk4yTkhEdlFiZGc6MQ> или
да ги испратиш одговорите на прашањата од анкетата на следната е-адреса:
survey at oneworldsee.org <mailto:survey at oneworldsee.org>.
*Крајниот рок за пријавување е 10 март 2013 година.*
Постапка:
По затворањето на повикот, назначен независен комитет ќе ги разгледа
пристигнатите пријави и, доколку е потребно, ќе закаже интервју со дел
од кандидатите. Ќе бидат избрани најмногу 30 кандидати за учество во
локалните работилници, кои ќе се одржат кон крајот на март во
Загреб/Белград/Подгорица/Приштина/Скопје/Сарајево соодветно.
/Работилницата во Скопје ќе се одржи на 27 март, а работен јазик ќе биде
англискиот./
Учесниците ќе осмислат и спроведат проекти кои ќе повикуваат на отворен
дијалог, унапредување на сличностите и бришење на пречките за помирување
и толеранција меѓу разните етнички заедници како на национално, така и
на регионално ниво.
Локалната работилница ќе ги опфати следните теми:
1.Човекови права
2.Спречување конфликти
3.Активизам
4.Транзициска правда и соочување со минатото
5.Стекнување практични вештини
Деталниот работен распоред ќе им биде испратен само на избраните
учесници. По завршувањето на локалната работилница, секој од учесниците
ќе може да:
а) присуствува на Социјалниот иновативен камп, кој ќе се одржи во јуни
2013 година во Сараево со млади луѓе од шест земји;
б) развива идеи заедно со други млади луѓе преку иновативни он-лајн
апликациии;
в) развива и спроведува прекугранични он-лајн проекти кои ќе бидат
финансиски поддржани;
г) стекне знаење за менаџирање и застапување преку обуки и со помош на
ментор/ка;
д) стане дел од долгорочна и динамична он-лајн и оф-лајн заедничка
меѓународна мрежа на млади луѓе.
Водејќи се од концептот на еднаквост, проектот особено ги охрабрува да
учествуваат заинтересираните кандидатки и млади лица со посебни потреби.
Со цел подобро да ја подготвиме работилницата, те замолуваме да ја
потполниш анкетата
<https://docs.google.com/spreadsheet/viewform?formkey=dER5ZFpBcHFabDZUMk4yTkhEdlFiZGc6MQ>.
Резултатите од анкетата, како и личните информации ќе бидат користени
само при подготовката на работилницата и изборот на учесниците, при што
особено ќе се внимава на почитување на различностите и еднаквоста.
--
ннвц
More information about the Ossm-members
mailing list