[2s.mk-friends] Совет за разрешување на конфликти при upgrade на системи со apt менаџмент

Blagoj Petrushev b.petrushev at gmail.com
Mon Jun 3 19:43:36 UTC 2013


Здраво,

Неделава имав проблем со debian при upgrade од squeeze на wheezy - не
знам како, но на системот останал кернел 2.6.18 - и покрај тоа што
претходно (на squeeze) ги имав направено сите upgrades.

Накратко, ми се појави circular dependancy врзан со кернелот и libc, и
после детално проучување видов дека морам истовремено да направам и
downgrade (install со конкретна верзија) и remove, односно:

apt-get install libc-bin=2.11.3-4
apt-get remove libc-dev-bin libc6-dev

Овие две поединечно не може да се извршат зашто libc-bin (2.11.3-4) не
се трпеше со инсталираните верзии на libc-dev-bin, libc6-dev ; додека
пак libc-dev-bin libc6-dev не можеа да се избришат заради тоа што
циркуларно водеа до бришење на libc-bin.

Проблемот не може да се реши со apt-get. Решението вклучува употреба
на aptitude (забележете ги минусите):

apt-get install libc-bin=2.11.3-4 libc-dev-bin- libc6-dev-

Знам дека изгледа тривијално, но додека стигнав до овде потрошив многу време.

Доколку имате слично искуство и/или некој дополнителен совет, слободно
споделете.


Баже


More information about the Ossm-members mailing list