[2s.mk-friends] недела радио емисија

novica novica at on.net.mk
Thu May 23 06:14:45 UTC 2013


> Да го погледнеме ова од гледна точка на индивидуата, бидејќи едноставно
> премногу e јасно што губи една држава.

Мојата поента е дека државата (оваа овде) е победник (иако во 
традиционална смисла губи) затоа што политиките што конзистентно ги 
промовирала (ставање на приватниот пред јавниот итнерес во континуитет) 
се успешни.

Така што сум pro-brain-drain затоа што сум истрениран да мислам дека тоа 
е посакуваната (и најдобрата ROI) акција во денешната глобализирана/чка 
економија. Додај го кон тоа опаѓачкиот HDI за Македонија (помеѓу другите 
опаѓачки работи) и не знам зошто воопшто дилема. Теоријата на рационален 
избор (во која исто така сме темелно истренирани) би рекла - да, мавни 
се од овде.

Но, можеби сето ова е преапстрактно.


Многу повеќе сум pro-brain-drain затоа што интимно мислам дека ова тука 
не е добро место да се имаат деца.


> Brain drain едноставно создава туѓинци од луѓето.

Претходново ми личи како да ги искажуваш твоите стравови за преселување. 
Можеше само да кажеш дека секој брејн-дрејн, всушност секое преселување, 
ги кине социјалните врски на луѓето. Тоа е неспорно. Но животот 
постојано и постепено, а не оштро (како брејндрејнот), ги кине 
социјалните врски и создава нови. Ако не си сигурен во тоа види дали 
кругот на пријатели ти е фиксен последните 10 години? (Можеби скопјани, 
кои често - ако воопшто - го напуштаат огништето, имаат и поголем 
проблем со ова?)

Дали луѓето прават кост-бенефит анализа за социјалните врски наспорти 
подобра заработувачка и подобра иднина за нивните деца? Сигурно прават. 
И штом има 230к иселени, можеш да заклучиш кој бил заклучокот од нивната 
анализа.

Кога трвдиш дека тоа создава индивидуи кои некако „не се здрави“ тогаш 
мораш да понудиш докази. Од мое искуство, т.е. од она што го знам за 
моите блиски пријатели чии мозоци одлеале, луѓето си се здрави и добри.



-- 
ннвц


More information about the Ossm-members mailing list