[2s.mk-friends] СподелиКино: Момчето од Интернет - Приказната за Арон Шварц [1.7.14 во 20 ч во КуЛа]

Damjan Georgievski gdamjan at gmail.com
Sat Jun 28 19:37:37 UTC 2014


Овој вторник, на СподелиКино ќе го гледаме:
Момчето од Интернет - Приказната за Арон Шварц

Од најавата:

Не верувам дека некој остана рамнодушен кога пред една и пол година се
прошири веста за трагичната смрт на Арон Шварц. За многумина
непропорционалниот прогон од Американската влада беше причината поради
која тој си го одзеде животот. Но, сите беа согласни дека светот
изгуби значајна личност.

Документарниот филм „Момчето од Интернет“ објавен оваа година е
портрет на момчето што се откажа од богаташкиот живот на Силиконската
долина и стартап културата што владее таму и ја користеше
технологијата со која беше извонредно вешт во борба за отворен пристап
до знаење, слобода на говор и социјална правда воопшто. Дојдете, уште
еднаш макар на кратко, да му оддадеме почит на Арон.

па повелете.

СподелиКино овојпат ќе се одржи во КуЛа,
Вторник, 1.07.2014, почеток 20:00 часот

Ку Ла се наоѓа позади паркингот кај ХолидејИн, па позади тоа кафанчето
Куќа, во најдесната учичка, па десно
https://goo.gl/maps/4ksxp

-- 
damjan


More information about the Ossm-members mailing list