[2s.mk-friends] TEDxBASSalon - Трансхуманизам

Nikolco Gosev gosev_nikolco at yahoo.com
Sun Aug 23 18:39:54 UTC 2015


Здраво на сите,

Ви прилог ви споделувам инфо за настан каде што ќе се збори за
трансхуманизмот.

Имајте убава вечер,
Николчо
_________________________________________________________

Трансхуманистичкото движење доживува експоненцијален раст во последниве
неколку декади. Промовирајќи интердисциплинарен пристап со можности за
надградување на човечкото битие каде акцентот е ставен на генетски
инженеринг, информатичката технологија, како и инфлација на идните, како
што се молекуларната нанотехнологија и вештачката интелигенција.

Клучно е да се спомене дека трансуманизмот претставува еден од поголемите
мечови со две острици од кои зависи квалитетот на нашата иднина. Како би
придонело сето ова во напредокот на човештвото? Кои се клучните бенефити
што произлегуваат? Какви закани придонесува трансхуманизмот и како да се
избегнат истите?

Третиот TEDxBASSalon со тема „Добρи и лоши стρани на тρансхуманизмот и
нивни последици“ <https://www.facebook.com/events/1629301387350240/> ќе го
насочи вниманието кон иднината и нашите придонеси за нејзиниот развиток
видено низ призмата на новите технологии.

Целта на дискусијата ќе биде едуцирање на учесниците за проблематиките кои
би настанале благодарение на трансхуманизмот и развивање на идеи за нивни
решенија, дискусија ќе биде базирана на TED подкастите кои ќе ги прикажеме.

 Аплицирајте за учество на третата од серија шест дискусии на TEDxBASSalon
со акцент на Трансхуманистичкото движење на: https://goo.gl/2Q77kR .
Крајниот рок за аплицирање е 25.08.2015, 12:00. Само 20 од Вас ќе обезбедат
свое присуство на TEDxBASSalon дискусијата.
-------------- next part --------------
An HTML attachment was scrubbed...
URL: <http://lists.softver.org.mk/pipermail/ossm-members/attachments/20150823/4ffd1468/attachment.html>


More information about the Ossm-members mailing list