[Mozilla] зошто правиме настан и што е поентата со mozilla

novica novica at on.net.mk
Thu Apr 17 09:09:12 UTC 2014




Еве вака, чувствувам потреба да појаснам 2-3 работи на мејлинг листа за
да има и за идна референца.

Да се повторам од првиот пат -- целта на овој настан е да се обидеме да
изградиме заедница околу Мозила. Мозила како што знаете е опен-сорс
проект и заедниците во опен-сорс светот функционираат на определен начин
- значи нема да измислуваме топла вода.

Причините поради кои сакаме да изградиме заедница се 2. Едно - мозила
сака да има заедница тука поради тоа што имаат интерес на пазарот.
Второ, долго време работата околу мозила зависи од 2-3 луѓе што значи
дека може да се случи да нема кому да се пренесе тоа знаење.

Значи, заедница. Од технички аспект во интернет опен-сорс светот ова
значи користење на мејлинг листи, ирц, мејл, вики и bugzilla. значи
целосна транспарентност. значи договарање во јавност. архивите се
чуваат, се читаат, процесите може да се следат со години (па и децении
наназад). Така, секој пат кога не праќате мејл на мејлинг листава за
нешто што се случува во врска со мозила во македонија - заедницата губи.
нема запис. не знаеме што се случило.

Тоа што правиме настан реално нема никаква врска - гледајте на ова како
тим-билдинг од поинаков тип (кој ете сепак ќе заврши во кафана).
Настанот сам по себе не е цел.

Сепак, немој да мислите дека настанот е нешто наивно.

Да се организра нешто за 40+ луѓе во било кое место бара посветување на
детали што вообичаено си ги земаме здраво за готово (посебно кога одиме
на такви настани).

Организаторите во случајов ќе треба да дојдат во 8 тој ден и да си
заминат последни кога и да е тоа.

Треба да се внимава на детали како кој ќе стави тоалетна хартија во вц,
кој ќе прави топла вода за кафе, па се до детали дека менторите ќе си ја
работат работата и нема да остават учесниците да се заебаваат на интернет.

Ако помладите, а посебно луѓето што сѐ уште се студенти, мислат дека ова
е нешто што ги интересира, тогаш знајте дека поголем дел од работата ќе
падне на вас. Целта е и да научите како се прават некои работи - на пр.
како се прави буџет, како се пишуваа соопштение за медиуми итн. Ако
мислите дека ова не е нешто што ве интересира во целосто.... тоа градење
на заедница и правење некаква корисна работа во поширока смисла за
општеството, тогаш дечки кажете со време.

Ако имате ваши цели, тие се сосема легитимни и не сакам(е) да ве
убедувам во ништо, но барем да бидеме запознаени со тоа.

Сето ова ви го пишувам од искуство и со желба навистина да заживее
заедницата овде. Ете, бидете добри.


-- 
ннвц


More information about the Mozilla mailing list