[LUG] maraton!
Zlatko Trajceski
zlat at bagra.net.mk
Mon Dec 9 02:25:41 UTC 2002
Maratonot ke se odrzi ovoj vikend - 14 i 15 Dekemvri - ve molam
prositrete ja informacijava i site koi se zelni da ucestvuvaat neka se
prijavat kaj mene ili neka pocekaat do utre da se pojavi na sajt - ke
ima baneri na linux.net.mk i nekoi dr. sajtovi.
Prijavuvanjeto ke trae do petok 12:00 (na pladne) - potoa samo so vrski :_)
Maratonot ke opfaka 24 casovno rabotenje / preveduvanje (so odmori
razbira se) - ke bideme podeleni vo 3 rabotni grupi (od po 10-15 mina) i
sekoja od niv ke raboti po 8 casa dnevno. Ke gledame da obezbedime
besplatno pienje i jadenje za sekoj - nema da bide naporno - ke ima
druzenje, odmori, rabota...
Vremeto e kratko no toa e se sto ni ostanuva.
Некои од заклучоците од денешниот состанок:
Данјан - ќе може да подразмислиш за техничкото решение за компјутерите -
дали CVS, дали kbabel сервер некој ако постои такво нешто или дали
дискета - најди го најдоброто решение и ние ќе го реализираме.
Уфо - спреми го српскиот превод доколку на некој му е од корист.
Златко - гледај да најдеш водачи на групи и убаво организирај ги групите
- кај тебе ќе се пријавуваат преведувачите.
Васко - спреми го сајтот со банерот и формата за пријавување - пратете
му текстови за ова.
Сите - информирајте ги луѓето за маратонов колку што е можно повеќе!!!
Златко - ќе се потрудам да направам некаква компилација со слободен
софтвер која ќе ја поделиме на учесниците на маратонот - Глиша
информирај ме кога ќе го симнеш "тоа таквото" :_))
Погледнете http://www.mksoftver.org/ossm/ - бтњ новиот домејн ќе ни биде
www.oss.org.mk
Секакво спонзорство е добредојдено - сите што работат да видат кај
своите фирми - не се потрбни големи суми туку симболични, требаат само
пијалоци и јадење - контактирајте со мене доколку овозможите некоја
помош. Секоја фирма која помогнала ќе биде спомната секаде каде ќе стане
збор за маратонот.
Најбитен е учинокот од маратонот - делото кое ќе го оставиме зад себе.
Мислам дека тоа е доволен мотив за секој.
Глиша - види за печат и во УЈП.
Стојмир - види за сметка во банка - овие 2 работи ќе мора што побрзо да
ги средиме.
Планирам да направиме уште еден работен состанок во вторник попладне и
потоа во четврток - ова само за организаторите, но и секој кој е
заинтересиран да се информира или да помогне.
Во петок попладне пред "излевање" краток состанок за пријавените луѓе да
ги запознаеме со се.
--
..-. I fought the law and the law won .-..
_______________________________________________
LUG mailing list
LUG at lists.linux.net.mk
http://lists.linux.net.mk/mailman/listinfo/lug
More information about the Ossm-members
mailing list