[LUG] ЗА Преведувачки Маратон

Ангов Арангел ufo at linux.net.mk
Sun Nov 17 17:09:45 UTC 2002



Novica Nakov wrote:

>На предлог: Едно писмо до александрија или семос. Таман они имаат
>компјутери умрежени сигурно. Да дадат 1-2 училници (по колку ли машини
>има во 1 училница?) за еден викенд сигурно не би претставувало некој
>огромен проблем. Уствари не писмо него директно таму да се иде.
>
Прво: Имаме обезбедено простор.
Второ: Добра идеја ај да бараме училници од Semos - "Microsoft Certified 
Partner" ?!?! Нејќам ни да помислам на такво нешто...

Единствено останува компјутери... Може да ги донесеме нашите од по дома 
на крај, ако ништо не излезе (сите имате Linux, нели?) али зашо да не 
пробаме, ќе го пратиме писмото до компјутерскиве фирми па валјда некој 
ќе ни излезе во пресрет.. Мрежа не мора да има тоа нека остане 
"optional". Преведуваш снимаш на дискета и ставаш на еден компјутер кај 
што ќе стои базата.

>
>Вториот чекор е да се најдат пари за јадење, превоз....  Ова да се побара
>од други комп. фирми - да донираат на ОССМ по 100-200 евра. Од памет ако
>лупнам цифра, мислам дека 1000 евра се доволно за сите тие ствари ако не
>и премногу. (Васко рече дека неговата фирма би дала 500-600 Е за некој
>корисен потфат. Уште една ваква и буџетот е полн.) Ако стварно доаѓаат
>луѓе надвор од Скопје, превозот не би бил толку голем проблем. Поголем е
>сместувањето доколку немаат роднини тука. Е сега све зависи колку би биле 
>они на број. Ако се 2-3, тогаш може да одат кај некој од нас на спиење.
>Ако се повеќе...?
>
Шо ќе праиш со 1000 евра бе?! :) Сосема доволни се 100 евра за јадење и 
пиење за два дена ако не и многу... Ако доаѓаат луѓе што живеат надвор 
од Скопје ќе треба уште 50-100 евра за трошоци патни за нив и толку, 
секако ќе треба да имаат кај да спијат ако не нема ни да дојдат. Нас не 
ни ни треба екстра луѓе вака сме сигурни 9 луѓе уште Новица да се 
сложи... :)

Треба да се напише писмо во секој случај и да се достави не само до 
фирми, може и до некоја институција ко министерство за култура, 
министерство за образование и НАУКА еј! :)

>
>Значи ако стварно се фурате на маратонов (јас сеуште мислам дека
>работата не е доволно зрела за таков потфат), треба еден текст да се
>напише за тоа што ќе се прави. Убаво тоа да биде срочено. Да се каже
>таму и дека се бараат спонзори. Понеделнички да се фати патот до
>александрија и сличните фирми. Да се договараат работи, и штом некои
>прелиминарни договори ќе настанат, текстот треба да иде по сите
>релеванти веб страни во македонија и во дневниот печат (телевизија?)
>за да можат да го видат што е можно повеќе луѓе. Сето ова треба да е 
>готово до петок за да може целата операција да се изведе пред нова година. 
>
Работата може да стане зрела ако сакаме стварно да го направиме тоа. 
Дајте да се видиме оваа недела да се договориме што како би правеле. Ќе 
се јавиме по А1, Сител да дојдат па нека снимаат а мислев и прес да 
направиме да кажеме што организација сме, што сме направиле и за што се 
залагаме...

>
>Пријавањето на луѓе да трае до 1 декември. Дупката до 6 (петок) да се
>пополни со средби со луѓето. Да им се каже со што ќе се преведува, да не
>испадне дека се пријавиле за храната и немаат видено кбабел никад у
>живот. Исто во таа дупка да се средат компјутерите (knopix е права ствар
>за тоа). Превдувањето да трае од 6 попладне до 8 доцна навечер. Е сега
>ги предлагам овие рани дати од причина што ако маратонот не испадне
>толку успешен, да има простор до новата година да се допреведат работите
>(евентуален додатен договор однапред со фирмата со компјутерите?) - што
>ќе рече дупли маратон ако за тоа има потреба.
>
Преведувањето ќе трае од сабајле до вечер Петок, Сабота и Недела... или 
еве без Петок.. ќе има две смени и готово, секој по 7-8 саата да поседи 
ќе се заврши работата (Маратон е нели?)... нема ние да преведуваме без 
престан 6 саата фала  богу.. у меѓувреме.. муабет, јадење, пиење итн. Да 
речеме еве од 9 сабајле до 5 попладне и од 5 попладне до 11-12 вечер.

>
>Компјутерите ќе треба да се поделат, што на кој ќе се преведува (ако се
>20 тогаш да речеме 7 кде 7 гноме 2 мозила 4 офис). Да се одреди главен
>на секоја од групите, или 4 главни - по смена значи.
>
Десет да се собереме екстра ќе биде.. 3 Гноме, 3 КДЕ, 2 Офис, 2 Мозила..

>
>За крај, не ни помислувајте да ми одговорите дека може и покасно во
>декември да се прави нештово... Има тогаш сесии, полугодија. Луѓето се
>опуштаат предпразнично, се оди на скијање на викенд. Толку.
>
Се слагам, треба што побрзо

>
>А, сега ми текна. Уште немаме ж-сметка. Пошто претпоставувам дека нема
>да ја имаме од другата недела, а ако има спонзори тие таму би требало да
>плаќаат, треба да користиме туѓа сметка (пцинфо?). И треба да се смисли
>начин сите преведени зборови да се ставаат во некаков речник или нешто
>така за да можат да се користат во иднина.
>
>  
>
Не ни треба жиро сметка да зееме 100 евра за јадење и пиење.. мислам 
зашо ако ти ги дава веќе некој парите да ги префрлуе на ж.с. па после да 
ги вадиш...

ufo


_______________________________________________
LUG mailing list
LUG at lists.linux.net.mk
http://lists.linux.net.mk/mailman/listinfo/lug



More information about the Ossm-members mailing list