[LUG] За статутот на ССМ

PCInfo+ software team info at pcinfo.com.mk
Tue Sep 17 10:35:57 UTC 2002


Здраво на сите!

За тие што ме знаат, ОК, а за тие што не ме знаат да се претставам. Јас сум
Александар Савиќ, попознат како Ацо. :-) Јас сум одговорен за проектот
Софтвер на македонски и лидер на PCInfo+ software тимот. Од неодамна сум
член на вашата маилинг листа и ја следам дискусијата околу статутот на
организацијата Слободен Софтвер Македонија. Па и јас (од правна гледна
точка), ќе изнесам некои свои коментари во врска со статусот и ќе реплицирам
на некои ваши коментари.

Глава IV член 15.
Ова "кој што ќе биде поканет да се приклучи" ми звучи по малку комунистички.
Може да се забележи дека статутот е прилично либерален, па зошто да не биде
либерален и да им се дозволи на сите заинтересирани поединци да се приклучат
во организацијата.

Глава IV член 16.
"пристапницата при исклучок или престанок на членување задолжително му се
враќа". Овој став ми е некако смешен. Што ќе му е на исклучениот член
пристапницата кога веќе излегол од организацијата? Таа треба да стои во
архивата на организацијата.

Глава V член 31.
Мислам дека попрецизно треба да се регулира мандатот на претседателот и
членовите на УО, поточно нивниот реизбор (дали тоа е само еден реизбор, по
кој нема право повеќе да се кандидира, или пак станува збор за два или
повеќе реизбори).

Глава VI член 44.
Овој член е излишен бидејќи претходно (во глава V член 34) во задачите на УО
се сретнува истата формулација.

Исто така, треба да се смени и тоа со став 1, кој условно кажано не постои.
Тој е вметнат, но не е обележан како таков. Но ова се ситници. Исто, текстот
на статутот треба да се пречисти и да се лекторира. Има одредени странски
зборови и ситни грешки.

И за најгорливиот проблем - називот комерцијален софтвер. Во моето
повеќемесечно искуство како лидер на проектот Софтвер на македонски имам
остварено контакти со 50-тина софтверски куќи. При комуникацијата со нив, се
користи терминот комерцијален софтвер. Истиот назив се сретнува и на нивните
веб страници и во оној дел "I agree" кои сите ние набрзина го кликаме :-)
Мислам дека нема потреба да се менува, да се остави "as=is". Називите
"затворен" и "сопственички" може да имаат и асоцираат друго значење.

Доколку не се смени статутот (делот со поканувањето на членовите), очекувам
да ме повикате како член на организацијата. А ако се смени, сам ќе си се
повикам. :-)

Поздрав,
Александар






-------------- next part --------------
An HTML attachment was scrubbed...
URL: <http://lists.softver.org.mk/pipermail/ossm-members/attachments/20020917/c786054a/attachment.html>


More information about the Ossm-members mailing list